Кафе муабет
Маја Беровиќ објави прва фотографија со синот и покажа како изгледа два месеци по породувањето- сите го забележаа ова
Изгледа совршено два месеци по породувањето...
Пејачката Маја Беровиќ се породи на крајот на февруари кога го роди синчето, на кое таа и нејзиниот сопруг Ален му го дадоа името Лав.
Таа се породи во болницата во Грац, во луксузен апартман за кој се шпекулира дека платила дури 7.000 евра.
Маја сега ги израдува фановите и за прв пат го покажа синчето, но многумина приметја и дека таа е во одлична форма по породувањето.
Беровиќ ги воодушеви своите придружници фотографирајќи се во хеланки и кратка маичка, додека многумина ја гледаа и коментираа за нејзината витка половина и рамниот стомак.
Маја потоа покажа златно ланче на кое беше испишано името на нејзиното синче, а нема сомнеж дека пејачката никогаш не била посреќна и позадоволна.
Инаку, Маја неодамна откри зошто токму сега сакала да стане мајка.
– Градев кариера, да се посветев на мајчинството немаше да го направам тоа што го направив. Во принцип, го постигнав тоа што го сакав во животот. Пред неколку дена објавивме снимка од концертот во Арена. Сега се разбуди желбата да имам нешто што е дел од мене, не треба да се форсира, туку да се чека вистинскиот момент – рече Маја.
Познато е дека пејачката живее на релација Белград-Грац, а според медиумите таа не правела прегледи во Србија, туку во овој австриски град.
Токму поради тоа, таа реши дека не сака да се породи како нејзините познати колешки во приватните клиники во Белград, туку сака да ја породи лекар кој се грижи за нејзината бременост во Грац.
Извор близок до пејачката откри дека во познатата приватна клиника каде се породи Беровиќ, таа ја имала сета можна удобност за време на престојот. Се разбира, за големи пари.Беровиќ плати дури 7.000 евра за породувањето, а секој ден над планираниот ќе чини 510 евра.Маја во оваа болница ќе може да биде целосно смирена, но и да ужива во луксуз како да е на бања. Таа ја избра оваа клиника, затоа што постои можност во болничката соба да дојдат фризери, маникир и педикир, а има и посебен простор за медитација, открва исворот за 24 седум.
Инаку Маја и нејзиниот сопруг Ален се запознаа уште кога таа беше малолетна.
– Тој доаѓаше на секој мој настап во Босна и се завршуваше со погледи бидејќи имав само 17 години. Бев малолетна и лудо заљубена во човек кој доаѓа на моите настапи – изјави Маја, која е родена 1987 година во Илијач кај Сараево, а израснала во селото Малешичи, како и во Братунац.
Почнаа да се забавуваат, и многу наскоро започнаа да живеат под ист покрив.
– По некое време сфативме дека не можеме да оставиме се така и дека премногу се грижиме за нашата врска и дека премногу се грижиме оваа врска да остане на платонска љубов. Многу брзо ја донесовме одлуката да живееме заедно, што беше тешко да и се каже на мајка ми, која е самохрана мајка и за која разделбата на женско дете толку рано беше болна. Сепак, тоа не ми застана на патот на мојата среќа. Ален ми помогна финансиски и морално да го издадам мојот прв албум. Сега, неколку години подоцна, јас сум некој што може да инвестира во мојата кариера – рече Беровиќ.
Маја и Ален се венчаа во 2016 година во православна црква во Грција. Во тоа време, Беровиќ не беше особено популарна, особено во Србија, но неколку години подоцна таа доживеа популарност со нов музички правец што и донесе полни клубови и арени низ целиот регион.