Дом и семејство

Видео што ќе ви го стопи срцето: Погледнете како популарната Хурем, ужива со своите ќерки во Дубаи

Пресреќна во друштво на своите ќерки...

Мерјем Узерли, актерка со германско-турски корени, која на овие простори е попозната и како Хурем откако ја играше улогата на Хурем Султан во популарната серија „Сулејман Величествениот“.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Најомилениот лик од серјата,  Мерјем Узерли, долго време се бореше со депресија. Сепак, се чини дека сè лошо е конечно зад неа.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Мерием моментално е на одмор во Дубаи со ќерките Лара Џемима и Лили Кои. Актерката често истакнува дека ужива во мајчинството, а судејќи по фотографиите кои ги објави на Инстаграм, изгледа дека им се допаѓа оваа егзотична дестинација.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Актерката не е прв пат да одмара на ова место, а истакна дека тука се чувствува како дома и дека е воодушевена од гостопримството.

Таа објави и видео во кое таа и нејзините наследнички се забавуваат во базен и не ја симнуваат насмевката од нивните лица.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Инаку неодамна актерката која со својата неверојатна убавина ги маѓепса припадниците на посилниот пол откако по вторпат ја исполни улогата на мајка, даде се од себе за што поскоро да ја доведе својата линија до совршенство. Не само што успеала, туку, според мислењето на одреден дел од публиката, претерала.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Многумина ја критикуваа поради драстичното слабеење и имаше коментари од типот дека претерала, дека не личи на себе.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

За потсетување, светските медиуми своевремено објавија за нејзината наводна борба со депресијата поради која ослабе и размислувала да се откаже од улогата што ја прослави. Тогаш се зборуваше и дека таа престојувала на клиника во Германија, а во тој период не се јавувала на никого.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

– Болна сум, не можам повеќе да издржам. Не можам да издржам во Турција. Се враќам во Берлин – изјавила славната актерка наводно за време на снимањето на серијата.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Гостувајќи на една емсиија на „Јутјуб“, продуцентот Римур Савдиќ рекол дека германската актерка со турско потекло имала психички проблем, што во психологијата е како синдрм на немање на енергија.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Снимањето на серијата траело по цел ден, што бара војничка дисциплина и голема самоконтрола.
Меѓутоа, Меријем повеќе не можела да го издржи притисокот и одлучила да замине од проектот, а се се одразило на нејзиниот љубовен живот.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Актерката се раздели од вереникот додека беше бремена, а дури и се пишувало дека сакала да си го одз-еме животот.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Сепак, изгледа дека нејзината психичка состојба е добра, а актерката денес живее во Берлин со своите две деца и партнерот кој го крие далеку од јавноста.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли
фото инстаграм/ Мерјем Узерли
фото инстаграм/ Мерјем Узерли
фото инстаграм/ Мерјем Узерли
фото инстаграм/ Мерјем Узерли
фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close