Новости

Боки 13 удри по судиите и упати порака до граѓаните: Да бев ЛИГУШ, полесно ќе поминев- нека не ве залажуваат само со Зекири

Се обрати преку Фејсбук...

Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки13 пред четири дена беше осуден на девет години затвор како претседател на невладината организација „Меѓународен сојуз“.

фото архива

„Бојан Јованоски сторил измама и перење пари, за што судот му утврдува затвор од по 5 години и го осудува на единствена казна од 9 години. Јасна Мандиќ сторила кривично дело… за што судот ѝ утврдува казна затвор од по 2,6 месеци, односно ја осудува на казна затвор од 4 години. Фросина Ременски се ослободува од обвинение бидејќи не беше докажано дека го сторила делото. Христина Блажевска го сторила делото перење пари за што ја осудува на затвор од една година. На Миле Јовановски му се утврдува условна осуда и нема да се спроведе ако во наредните 5 години не стори ново кривично дело“, кажа судијката, пренесува Макфакс.

фото Фејсбук/Бојан Јовановски

По ова се огласи и самиот Боки, кој периодов е се поактивен на социјалните мрежи. Имено тој сега се обрати до сите оние кои го поддржуваат целиот овој период.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Боки потсетува дека неколку пати напиша отворени писма до судот и поднесе неколку кривични шријави но залудно…

“Од се срце ви благодарам за секој убав збор, за искрената поддршка, за пружената рака и позитивна мисла и за вашата храброст да ми дадете поддршка… Сите вие драги, чесни и искрени луѓе сте единствената светла точка во ова време-невреме , во оваа невидена и нечуена неправда, во оваа апла селективна и корумпирана правда, во овој линч кон мене како небаре да сум масовен убица, во целата оваа колективна хистерија и мизерија насочена кон мене како поединец , ви се заблагодарувам и ви потенцирам дека сте моја мотивација во секоја смисла за мое идно делување !!!

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Во целото ова НЕПРАВО, има само една добра работа, што преку мојот пример со казна од 18год. е дефинитивно разголено нечистото лице на правосудните власти, бидејки од авион се гледа тенденцијата, одмаздољубието и селективноста!

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Па реално другари, да бев ЛИГУШ и да молчев, да не ја пишував вистината преку отворени писма, да не поднесов огромен број на кривични пријави против високи функционери (патем ни трага , ни глас од обвинетелството за поднесените пријави) да бев сервилен и да се договорев со власта на Заев и да одев по онаа одвратна линија на помал отпор и да ја прифатев нивната прљава игра , ќе пројдев полесно, ќе бев Крсто Муковски и сличните на Крсто што се на чуден начин ослободени !!!

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Мојата одлука од првиот ден кога ме притворија беше дека пактови нема да правам, па затоа доживеав незапаметена тортура и притисоци се со цел да ме замолчат, на секое мое споменување пред судикана на името на Заев, или други политичари, бев хистерично преќинуван и бркан од судница, па зарем тоа не кажува СЕ?!?

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Селективното право е НЕПРАВО!!!

Најавувам дека ќе ги искористам сите расположливи правни инструменти кон повисоките судови и се надевам дека ќе дојде ден кога ќе имам можност да ја докажам својата невиност пред непристасен судија, кој ќе суди по закон, по докази, кој ќе спроведе фер постапка почитувајќи го начелото на еднаквост на орудија на страните во постапката и беспоговорно почитување на ЗКП!

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски 

Ова беше судиска фикција со која требаше да се оправда смешната, селективна и криминална пресуда!!!
Едно прашање за крај, што почнува на буква, на буква С ? И Судија и Слуга !”

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

П.с и нека не ве замајуваат само со М.Зекери

Содржината е авторски текст на Бојан Јовановски, објавено од администратор на профилот

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close