Нега и здравје

Тајната на изгледот на Лидија Вукиќевиќ : Овој рецепт е „еликсир на младоста“ кој ќе го обожавате!

Откри што појадува...

Безвременската убавица Лидија Вукичевиќ и во шестата деценија од животот привлекува големо внимание.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Многу жени би сакале да ја дознаат тајната на нејзиниот изглед, па сега конечно е откриен рецептот на Лидија Вукиќевиќ и нејзината тајна за младоликост.

фото инстаграм/Лидија Вукиќевиќ

Имено, актерката која плени со својата убавина и има беспрекорна фигура и во шестата деценија од животот, откри што сака да готви, кога сака да го освежи своето тело и да внесе нешто здраво.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Како што објави таа на социјалните мрежи, станува збор за детоксикациски пијалок направен од свежи состојки, а ќе биде по вкус на оние кои се пребирливи.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Со оглед на тоа што дојде пролетта, сè од списокот со потребни состојки можете лесно да набавите на пазар или во супермаркет.

Состојки:

– Оризово млеко

– Бејби спанаќ

– Киви

– Банана

– Грчки јогурт

– Мед

Подготовка:

Најпрво во блендерот истурете го оризовото млеко во количината што ја сакате, па додајте ги спанаќот, кивито, бананата и на крајот лажица грчки јогурт и лажица мед. Состојките, додавајте ги постепено, чекор по чекор.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Тајната на убавината на нејзината бујна коса …

Лидија за нејзината специфична коса користи италијански амино-кератин, но секогаш добро и годат и третманите направени во домашни услови. Таа со години користи маслиново масло, жолчка и АД капки.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Ја става смесата на косата, па ја витка во фолија, па во крпа, и така преспива. Нејзината коса утредента е како свила.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Што се однесува до маските за коса, таа ги користи секогаш кога ја мие нејзината коса. Не користи регенератори, но маска задолжително, без разлика дали е лето или зима. „Секој трети ден ја мијам косата, што значи тогаш користам и маска. Не ја држам долго како онаа со маслиновото масло, туку околу 15-на минути“, вели Лидија Вукичевиќ за Blic.rs.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

За потсетување, Лидија од бракот со поранешниот фудбалер Митар Мркела, кој за жал не траеше долго, доби два сина, Андреја и Давид.

фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Тие беа во брак од 1991 до 2000 година, а нивната мајка не крие дека е многу горда на своите наследници кои пораснаа во висински мажи.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Нејзиниот помлад син е пилот и наскоро треба да започне да работи во „Ер Србија“, додека нејзиниот постар син е успешен спортски менаџер.

фото инстаграм/Андреј Мркела

Тие се успешни и добри момчиња, изјави Лидија за Телеграф.

фото инстаграм/Андреј Мркела

„Не се разгалени, останаа нормални. Мојата работа и кариера не влијаеше на нив. Тие се надвор од таквите проблеми дека нивната мајка и татко им се познати“, додаде таа за гореспоменатиот портал.
Инаку, актерката се прослави со улогата на Виолета во хит серијата „Подобар живот“ и покрај своите години се уште изгледа неверојатно.

фото инстаграм/Андреј Мркела
фото инстаграм/Андреј Мркела
фото инстаграм/Андреј Мркела
фото инстаграм/Андреј Мркела
фото инстаграм/Андреј Мркела
фото инстаграм/Андреј Мркела

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close