Кафе муабет
СКАНДАЛ И ЈА ОДБЕЛЕЖА КАРИЕРАТА! Сузана Манчиќ проговори за НАЈТЕШКИОТ ПЕРИОД: Добив отказ поради голотија!
Манчиќ и денес е една од најубавите жени во регионот...
Сузана Манчиќ во поранешна Југославија важеше за симбол на женственоста и долго време ја водеше емисијата каде се извлекуваа добитните лото комбинации.
Таа признала дека често била напаѓана поради мултиталентот, но заклучила и дека е пионерка во многу работи.
Манчиќ својата кариера ја започна со песната „Огледалце, огледалце“, кога немаше ни 18 години.
Потоа започна да води неколку забавни емисии, па долги години ги извлекуваше добитните лото комбинации.
– Ги кршев табуата во текот на кариерата со мојот јавен настап. Како многу млада, изгубив сериозна телевизиска понуда да водам емисија на ТВ Белград – ја опишува оваа животна ситуација Сузана:
– Тоа се случи затоа што учествував во претстава, всушност водвил наречен „Се-кс експлозија“. Настапив во корсет кој беше специјално направен за мене. Како што Готје и направи на Мадона, тој корсет ми го направи кројачот на театарот „Бошко Буха“. Претставата беше смешна, но беше скандалозна во тоа време. Немаше шанси водителка која работи на ТВ Белград да игра во ваква претстава. Тоа беше, на пример, првата граница што ја пробив.
Манчиќ наведува дека и нејзината музичка кариера на самиот почеток била дочекана со нож и наведува дека некои дефиниции за нејзиниот лик и дело тогаш ја навредувале.
– Кога почнав да пеам, повторно беше табу тема. Се сеќавам дека во тогашните интервјуа често ме прашуваа што навистина си? Им одговарав дека сум Сузна Манчиќ! Требаше да помине малку време и тоа што бев мултиталентирана на крајот најдобро го искористи телевизијата – признава Сузана.
По 48 години во јавноста, Сузана признава дека кога ќе погледне наназад, гледа два медиумски системи како дел од историјата.
– Се чувствувам како дел од историјата на југословенската и српската телевизија. Се сеќавам на многу работи и луѓе, пејачи, писатели, сликари, актери и сето тоа се легенди на регионалниот шоу-бизнис. Нешто ме турка одвнатре да им го пренесам тоа на ќерките. Често ги прашувам кој ја пее оваа песна, а кој беше овој, ако не знаат, секогаш им велам Ѓорѓе Марјановиќ, Лола Новаковиќ… Не сум носталгична, но мило ми е што се сеќавам и знам се за тоа време- вели Сузана.
За потсетување, Сузана Манчиќ со години е во среќен брак со Симеон Окомокос, а љубовта двајцата ја одржуваат на релација Белград-Атина.
Но пред да му го предаде срцето на Симеон, Сузана Манчиќ беше во брак со Небојша, член на некогаш многу популарниот бенд „Sedmorica mladih“, а по долго пријателство помеѓу него и водителката, се роди љубов. Иако поранешната „лото девојка“ за многумина беше неостварена желба и многумина ја молеа, таа му рече „да“ на Небојша во 1989 година. Двојката се разведе по осум години брак, но ја добија најголемата радост во животот – две ќерки.
Сузана, која во тоа време беше на врвот на својата кариера, го промени својот живот за да се посвети на своето семејство, и кога Небојша започна да работи приватно, таа го следеше низ целиот свет. Меѓутоа, со одредена доза иронија и хумор, водителката се сеќава како изгледала нејзината веридба.
– Обично велам: Таква девојка, таква убавица, а го запроси својот сопруг на кој му беше трета сопруга – рече во една прилика Сузана.
По ненадејниот развод, Сузана се врати со своите ќерки во родниот град и по долг период на тишина, откри со какви проблеми наидуваше за време на бракот и какви последици имаше. Наводно, Небојша ја омаловажувал, велејќи дека таа повеќе не е убава и млада, иако е на прагот од четириесеттите години, па водителката страдала од депресија.
Сузана сега за прв пат проговори за деталите кои доведоа до колапс на љубовта.
Според неа, разводот следел кога се заладиле односите помеѓу неа и Небојша.
– Со сопругот едноставно престанавме да разговараме – истакна Сузана при гостувањето во емисијата „Јутро“ на ТВ Прва и додала:
– Меѓу нас владееше тишина и далечината почна да се развива.
Разводот на Сузана Манчиќ и Небојша Куниќ во 1997 година не беше крај на нивната врска. Сузана не крие дека и понатаму е во добри односи со бившиот сопруг поради ќерките.
– Разговарам со мојот поранешен сопруг Небојша, без разлика што одамна се разведовме. Никогаш не се скаравме, разводот ни се случи во мир и мислам дека така треба да биде. Ќерките Наталија и Теодора редовно се слушаат со нивниот татко, никогаш не сум влијаела на кој било начин да им се наруши врската. Не го спомнувам често во јавноста затоа што има свој живот. Тој е дел од мојот живот кој ниту можам ниту сакам да го избришам – беше искрена таа.