Кафе муабет
“Разводот е семеен земјотрес, неможам да ги заштитам синовите|- Емина Јаховиќ искрено за распадот на бракот!
Сака да ја чува приватноста за себе..
Пејачката Емина Јаховиќ отворено проговори за разводот со турскиот пејач Мустафа Сандал, како и за синовите Јаман и Јавуз.
Емина истакна дека и пречело медиумското внимание предизвикано од бракоразводната парница.
– Секако дека ми пречи. Разводот е приватен семеен земјотрес и никој не треба да ужива во деталите. Најтешко ми е што не можам да ги заштитам своите деца од тоа, а чувствувам дека тоа е голема неправда и недостаток на работа што ја обожавам – изјави пејачката за „Лена“.
Како што вели, по разводот не се чувствува осамено.
-Јас сум мајка, затоа никогаш не сум осамена. Што се однесува до мажите, јас секогаш ќе го отворам срцето за вистинската љубов, но пред се знам да уживам со себе и со моите деца – изјави Емина.
Таа потоа се осврна на своите синови на кои, како што вели, е исклучително горда.
– Јаман е бестрашен, силен и брз, како што вели и неговото име. Јаман на турски значи силен. Јавуз, пак, е внимателен и вистинска уметничка душа, но како што вели и неговото име – може да биде многу одлучен. Кога на таа разлика меѓу нив ќе го додадете и пубертетот – јасно ви е дека секогаш сме среќни! Шегата на страна, моите момци неописливо ме исполнуваат и уживам во секој момент со нив. Секој ден откривам нешто ново – талент, особина, акција, реакција – и сум воодушевена! Јас сум многу горда мајка, најмногу поради нивната скромност и посветеност на семејството.
Мустафа се ожени со 20 години помлада избраничка!
Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ го кажа судбоносното “ДА” на својата избраничка Мелиса Сутсуруп.
Како што пишуваат медиумите Мустафа се оженил со две децении помлада девојка.
Малкумина очекуваа дека неговиот нов брак ќе дојде толку брзо, иако пред еден месец овој настан беше навестен од неговата избраничка Мелиса која објави дека ќе го земе неговото презиме.
„Можеби некоја имала автомобил пред мене, можеби некои девојки те чекале со мираз, можеби ти си крив… Но сето тоа нè подготви за ова денес, мој Кито. Јас сум секогаш со тебе, за да бидеш насмеан и спокоен. Среќен роденден, идно презиме“, напиша две децении помладата Мелиса Сутшуруп, пред нешто повеќе од еден месец, и објави мозаик од заеднички фотографии.
Она што е секако многу необично е тоа што и двајцата беа облечени во црна облека.
Мелиса не беше класична невеста облечена во бело а тоа зачуди многумина.
Дури по церемонијата објавија фотографии кои сега кружат на социјалните мрежи, а на церемонијата не присуствувале ниту синовите на Мустафа.
За потсетување, Емина и Мустафа откако се разведоа имаа голем број на несогласувања, па дури во една прилика се најдоа и на суд поради вредниот имот кој го поседуваа за време на брак.
Пејачката Емина Јаховиќ наводно води битка на суд со нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал поради имот вреден 20 милиони евра.
Како што пренесува „Информер“, поранешните сопружници најголемата битка ја водат околу вилата на Босфор вредна 16 милиони евра и студијата кои ги купиле за четири милиони евра.
– Емина е бесна на Сандал бидејќи се обидува да ја остави без ништо, иако беа во брак 10 години. Проблемот е што Мустафа бара да се продадат двете недвижности и поголемиот дел од парите од продажбата да му припаднат нему!
Емина затоа ангажирала неколку адвокати кои ќе се обидат на суд да докажат дека се работи за имот стекнат во брак, кој не може да го отуѓи без нејзина согласност – вели добро упатен извор и додава дека Емина не сака да ја напушти куќата во која живееле нивните синови Јаман и Јавуз.