Кафе муабет
Куќната помошничка на Драгана Мирковиќ не сака повеќе да молчи: Ги откри најголемите тајни во домот на пејачката!
Откри каква е пејачката во четири ѕида...
Домашната помошничка на Драгана Мирковиќ, која со години работеше во семејната вила на пејачката во Виена, реши да проговори и откри дека се уште се сеќава на однесувањето на една од најголемите српски ѕвезди.
Како што вели, очекувала една дива целосно да се потпре на помошта од вработените, но Драгана целосно ја изненадила:
-Веќе не се раѓа жена како Драгана, зачудена сум, но тоа е целата вистина – открива за „Скандал жената која со години работела како готвачка во семејството на Драгана Мирковиќ.
– Толку голема ѕвезда, која може да си дозволи се, редовно доаѓаше во нашата кујна кога беше дома и готвеше со нас. Знае се да прави, а како готви, прстите да ги излижеш. Знае да подготвува традиционални српски јадења, а знае и да експериментира. Таа е навистина прекрасна, вредна и посветена. Никого не гледа со презир, иако можеше – открива куќната помошничка на Драгана Мирковиќ и додава:
– Многу ми беше жал кога престанав да работам кај нив, но морав поради преселувањето. Сепак, морам да нагласам дека Гага е најблагородната личност со која сум работела и секогаш ни помагала на сите, доколку наидеме на некој проблем во животот.
Инаку пејачката зборуваше за секојдневните обврски и животот во своите четири ѕида.
Драгана Мирковиќ одамна се здоби со статус на регионална ѕвезда. Иако ужива голема популарност и живее како принцеза, таа не крие дека во својот замок во Виена пред се е мајка, сопруга, па дури и домаќинка.
Пејачката зборуваше за секојдневните обврски и животот во своите четири ѕида. Бидејќи за голем концерт е потребна голема организација, таа не крие дека тоа и е најголемиот стрес.
– Имаме многу повеќе стрес околу самата подготовка, отколку да излеземе на сцена и да пееме, тоа е најлесниот дел. Сè пред концертот е многу стресно – рече Драгана, па се сети како поединци уште во 2014 година и се налутија поради концертот.
– Имав проблем кога организирав концерт во Арената бидејќи сите билети беа распродадени, а некои новинари се лутеа што не можам да им дадам билети, а јас навистина немав – вели пејачката која исто така важи за една од најприземните јавни личности од почетокот на нејзината кариера.
Иако е на естрадата со децении, популарноста и славата не ја променија. Таа сè уште ги прави сите работи што ги научила од нејзините родители и не се двоуми да ги засука ракавите и да ги демонстрира своите кулинарски вештини во својот замок.
– Јас сум совршена жена, сакам се да подготвувам. Сакам тестенини, но немам проблем да влезам во кујна и да готвам. Уживам во се што е својствено за секоја жена затоа што искрено штета е жената да не знае да приготвува храна, мислам дека би требала да се срами. Не можам да кажам дека го правам сето тоа, или дека готвам секој ден, имам помош дома, но сакам да учествувам, особено кога се во прашање празниците, уживам во готвењето, почнувајќи од декорацијата..
Сега колку сум добра домаќинка незнам, не би претерувала со тоа – рече Драгана и додаде:
– Јас сум апсолутно нормален човек кој сака се што на луѓето генерално им се допаѓа и правам се што прават останатите луѓе.
Иако важи за една од најбогатите естрадни уметници сепак не го заборава родното село Касидол, кај Пожаревац, па таму оди секогаш кога тоа и го дозволуваат обврските.