Дом и семејство

Уште на почетокот имав симпатии за него: Сопругата на Вело Марковски искрено- “Ме освои со неговиот однос кон мене”!

Вел дека е среќна што нивната врска успеала...

За доктор Вело Марковски и неговата поубава половина Евгенија можете да слушнете секаки озборувања но тие се еден од најхармоничните парови кај нас.

фото: Приватна архва

Имено во своето прво гостување во естрадниот магазин Бекстејџ тие зборуваа за својата љубов, за нивното запознавање  почетоците, па го открија  клучот на вистинската љубов.

фото: Приватна архва

Имено тие се запознале на факултет, каде доктор Вело, предава и изненаден од знаењето на Евгенија и понудил да биде негов демонстратор. Така започнала љубовта меѓу нив, а Вело откри дека уште тогаш Евгенија се издвојувала од останатите.

фото: Приватна архва

Евгенија вели дека Вело, бил строг професор  открива дека од самиот почеток имала симпатии кон него.

-Му бев демонстратор некое време, му помагав, комунициравме преку Фејсбук само за факултетот. Неговиот однос према мене многу ми се допадна, секогаш ме гледаше како еднаква на него па така колку повеќе се дружевме ми стануваше се поблизок и без никакви очекувања ја започнавме врската, не очекувавме дека ќе заврши со брак и со деца, вели Евгенија и додава:

-Ме освои со неговиот однос, беше многу грижлив, внимателен. Јас имав 22 години кога ја започнавме врската и јас веќе бев спремна да имам деца и семејство. Мислам дека на моја возраст не би се решила некоја девојка за таков чекор, мислам дека машките подоцна созреваат и тоа беше клучен момент да се решам за таква врска.

На прашањето како нејзините родители реагирале на врската со професорот таа вели:

фото инстаграм/Евгенија Марковска

-Немаше некои пречки , повеќе беше тоа дали сме сигурн дека ќе успееме, дали сте свесн дека народот ќе зборува за вас, но нам тоа не ни влијаеше уште од самиот почеток сакавме да пробаме, ако не успее, не успее, но среќна сум што успеавме, изјави Евгенија.

фото инстаграм/Евгенија Марковска

Во една прилика за mama.glamur.mk таа искрено проговори за мајчинството и бракот а себеси се опишува како среќна мајка и сопруга.

фото инстаграм/Евгенија Марковска

-Би се опишала како другарка на децата. Целиот ден им го посветувам играјќи заеднички игри. Многу сум трпелива.

фото инстаграм/Евгенија Марковска

Не очекувам да имам совршено уреден дом. Сметам дека децата треба да се креативни и затоа дозволувам да се растураат играчки на секаде, а потоа пред спиење собираме заедно за следниот ден да може одново да си играме. Децата брзо растат затоа сакам да им го направам секој ден забавен. Кај мене нема правила. Доколку ние јадеме, а детето не сака и тоа е во ред за мене. Треба да научи да си го слуша сопственото тело, па така може да јаде покасно. Би рекла дека сум мајка која секогаш е и ќе биде подготвена да ги ислуша своите деца и да им ја даде потребната поддршка.

фото инстаграм/Евгенија Марковска

За Вело истакна дека секогаш помага кога тоа му го дозволува времето!

-Кога нема работни обврски секогаш ми помага. Кога сум изморена знае да ги игра додека се одморам или да го прошета едното дете.Понекогаш ми помага и во заспивање на децата, додека јас го заспивам поголемото со приказни, помалото само со нишкање, сопругот сака да им пее се додека заспијат. Сепак мислам дека многу подобро се снаоѓа во кујна откоку со децата. Како и да е секоја помош ми значи многу. Сака да ги разгалува децата, но знае и да ги искара. Исто како мене и него не му пречи кога детето растура по дома, имаше период кога синот сакаше да црта по ѕидовите и тоа беше во ред, не му забрануваше. Многу е грижлив. Сака да им пее на децата. Добар пример е за нив, а синот веќе и се гледа како него па сака да го имитира и да игра игри во кои тој е професор или доктор. Чека да порасне синот уште малку за да може да го учи тенис.

фото инстаграм/Евгенија Марковска

Евгенија откри и како изгледа еден ден во нивното семејство…

фото: прватна архива

Најчесто денот ни започнува околу 6 часот со будење на ќеркичката која има 5 месеци, па имаме мајка-ќерка дружење. Додека сме сами сакам да и зборувам и да и посветувам повеќе внимание. Малку покасно ни станува и синот кој има 4 години. Заедно појадуваме, а потоа го имаме цел ден за игра. Денот ни е исполнет со разни активности, игра и учење секој ден по нешто ново. Во овој период многу го интересираат знамиња па заедно ги учиме. Сака и да цртаме заедно. Бидејќи целиот ден ни е исполнет многу ретко гледа цртани, најчесто додека ја заспивам сестричката за да не ја разбуди. Кога времето дозволува сакаме да го поминуваме на отворено, во двор или да одиме на прошетка. Навечер прво ни заспива ќерката малку покасно синот, а потоа имам слободно време.

фото: прватна архива

На прашањето што ве прави среќна? Таа истакна:

фото инстаграм/Евгенија Марковска

Да бидам мајка на две прекрасни дечиња е вистинска среќа и благослов. Секоја мајка би се согласила дека нема поголема среќа од тоа да ги гледа своите деца насмеани. Физичката активност ослободува од стрес и прави да се чувствуваме подобро. После успешно завршен тренинг секогаш се чувствувам среќно и исполнето. Секогаш ме прави среќна и кога денот е сончев и можам да го поминам на отворено, прошетките во природа, кога ќе ја слушнам омилената песна, кога ќе добијам комплимент кога најмалку сум очекувала…

фото: прватна архива
фото: прватна архива
фото: прватна архива
фото: прватна архива
фото инстаграм/Евгенија Марковска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close