Кафе муабет

“Јас сум совршена жена и пред се домаќинка”: Драгана Мирковиќ тврди дека е срамота една жена да незнае да готви!

Пејаччата шокираше со оваа изјава...

Пејачката зборуваше за секојдневните обврски и животот во своите четири ѕида.

фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Драгана Мирковиќ одамна се здоби со статус на регионална ѕвезда. Иако ужива голема популарност и живее како принцеза, таа не крие дека во својот замок во Виена пред се е мајка, сопруга, па дури и домаќинка.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Пејачката зборуваше за секојдневните обврски и животот во своите четири ѕида. Бидејќи за голем концерт е потребна голема организација, таа не крие дека тоа и е најголемиот стрес.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Имаме многу повеќе стрес околу самата подготовка, отколку да излеземе на сцена и да пееме, тоа е најлесниот дел. Сè пред концертот е многу стресно – рече Драгана, па се сети како поединци уште во 2014 година и се налутија поради концертот.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Имав проблем кога организирав концерт во Арената бидејќи сите билети беа распродадени, а некои новинари се лутеа што не можам да им дадам билети, а јас навистина немав – вели пејачката која исто така важи за една од најприземните јавни личности од почетокот на нејзината кариера.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Иако е на естрадата со децении, популарноста и славата не ја променија. Таа сè уште ги прави сите работи што ги научила од нејзините родители и не се двоуми да ги засука ракавите и да ги демонстрира своите кулинарски вештини во својот замок.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Јас сум совршена жена, сакам се да подготвувам. Сакам тестенини, но немам проблем да влезам во кујна и да готвам. Уживам во се што е својствено за секоја жена затоа што искрено штета е жената да не знае да приготвува храна, мислам дека би требала да се срами. Не можам да кажам дека го правам сето тоа, или дека готвам секој ден, имам помош дома, но сакам да учествувам, особено кога се во прашање празниците, уживам во готвењето, почнувајќи од декорацијата..

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Сега колку сум добра домаќинка незнам, не би претерувала со тоа – рече Драгана и додаде:

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Јас сум апсолутно нормален човек кој сака се што на луѓето генерално им се допаѓа и правам се што прават останатите луѓе.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Иако важи за една од најбогатите естрадни уметници сепак не го заборава родното село Касидол, кај Пожаревац, па таму оди секогаш кога тоа и го дозволуваат обврските.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Драгана со децении живее во Австрија, каде покрај вилата има и замок, пејачката решила да вложи пари и во имотот во кој живеат нејзините родители.

фото архива

Драгана им изградила куќа, која важи за една од најубавите во селото, а во прекрасно уреден двор има уште еден постар имот на приземје.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Драгана е, инаку, една од омилените жители на ова село.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close