Дом и семејство
„Си заминав од станот, со три деца и куче! Водителката на “Слагалица” ги отрки сите детали за РАЗВОДОТ – една работа беше пресудна!
Пред шест дена си замина од станот...
Водителката на квизот „Слагалца“, Марија Вељковиќ се разведе по повеќе од десет години брак со Милан Миловановиќ, а сега за првпат отворено проговори за домашните медиуми на оваа тема.
– Кога ќе се омажиш, мислиш дека тоа е до крајот на животот. Друга опција нема. Но, животот нè учи на различни лекции. Всушност, ние сме разведени, а самиот развод е во тек. Не е важна хартијата, туку фактот дека јас и децата имаме нов простор за живеење. Иако разведени, ние сме мама и тато и ќе бидеме до крајот на животот. Родители сме една деценија, а тоа не е малку. Тројцата се големи, паметни и разумни, имаат свое време и со тато и со мама, ги сакаат и мама и тато. Тоа е единствено важно – вели Марија, која открива дека трето лице не пресудило за нивната врска.
– Не мора да биде така. Емотивно се оддалечивме и тука беше крајот. Кога сте со некого многу долго, а се повеќе чувствувате дека не е како порано, таквите одлуки се наметнуваат – искрена е водителката која пред шест дена со своите деца се преселила во станот каде израснала.
– Ни требаше време да се организираме. Тој остана во нашиот стан, а јас со децата и кучето се преселив во мојата куќа во која не бев од 2009 година. Не е лесно, но продолжувате со животот – истакна Марија.
Инаку, таа дефинитивно важи за вистинска чудесна жена. Марија не само што секојдневно е ангажирана на телевизија, туку е и многу посветена и ангажирана мајка на дури три деца. Но како што и самата откри во една пригода, и водителката има свои „жолти минути“, а од неодамна научила и дека е потполно во ред самата на себе да си признае дека не може секогаш се’ да постигне и заврши.
Таа не крие и дека води битка со анксиозност и е една од ретките што отворено зборува за овој проблем во јавноста.
-Многу луѓе на социјалните мрежи ми пишуваат дека сум им инспирација и тоа за мене е огромен комплимент. Ми пишуваат не само за родителството, туку и заради борбата со анксиозноста која ме мачи и мене и се советуваат во врска со психотерапијата. Јас на својот профил во главно споделувам животни и лични работи, и многу ми е важно профилот да ми биде реален. Лесно ние ќе објавиме ако некој не слика за весник, таа совршена слика, но што стои и кој зад таа совршеност? Е тоа е она што се обидувам низ својата интеракција со оние што ме следат на социјалните мрежи да го покажам, изјави таа неодамна.