Кафе муабет
Надал и Марија се заедно од 2005 година, нивниот брак е голема мистерија- еве зошто се кријат од сите!
Ретко зборуваат за приватниот живот...
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои титулата на Австралија опен, а а најголема поддршка му е сопругата со која е од 2005 година.
Сопругата на познатиот тенисер ретко се појавува на неговите натпревари, но и во јавноста.
Нејзиното вистинско име е Марија Франциска Перело, работи како агент за осигурување, а дипломирала Бизнис академија.
Таа му помага на Надал во работата на неговата фондација, каде што е назначена за директор.
Надал и Марија ја започнаа својата врска во 2005 година, иако пред тоа се познаваа неколку години.
Во јануари 2019 година, се свршија, а следниот октомври следеше свадба со 350 гости во прекрасниот замок Ла Форталеза на Мајорка.
Интересно е што шпанската двојка засега нема деца, иако и самиот Надал неколку пати истакна дека би сакал еден ден да стане татко.
Но, потоа нагласи дека можеби е најдобро да се чека вистинскиот момент, односно крајот на професионалната кариера.
Убавата бринета и понатаму е многу дискретна и ненаметлива, па и покрај тоа што е најголема поддршка на нејзиниот сопруг во секоја смисла, таа често не е физички присутна на трибините додека Надал игра некои од решавачките мечеви.
За потребите на биографијата на Надал „Рафа“, таа објасни зошто е тоа така.
„Му треба простор кога се натпреварува, а самата помисла да го чекам цел ден да го заврши она што треба и да шетам наоколу ме изморува. Тоа би ме задушило. Тој би морал да се грижи за мене… Ако го следам насекаде, мислам дека постои ризик да престанеме да се договараме“, рече таа.
Во истото интервју, Марија истакна и зошто толку се трудат да ја задржат врската само за себе:
„Дури и кога семејството ме прашува за него, јас не кажувам многу. Факт е дека едноставно не се чувствувам удобно да зборувам за мојот приватен живот. И тоа му се допаѓа на Рафаел. Не сакаме тоа да се промени“.
Надал не е повеќе зборлив од неа, а нивната врска само во неколку наврати ја коментираше одговарајќи на прашањето дали планира еден ден да стане татко.
„Би сакал да имам деца: момчиња, девојчиња… Сакам деца и сум семеен човек. Мислам дека децата треба да бидат над се. Затоа, не сум сигурен дека е идеално време да ги имам, додека постојано патувам. Тоа треба да го одреди мојот спортски живот“, истакна тој во 2017 година.
Но, минатата година тој конечно проговори, па во шпанското шоу ‘Mi casa es la tuya’ откри неколку интересни детали за неговата сопруга.
„Ја познавам од мала. Нејзиното име е Марија Франциска, но јас ја викам Мери. Ја викам Марија Франциска само кога се расправаме. Таа е многу мирна“, рече Надал, објаснувајќи дека „заклучувањето поради пандемијата и било полесно отколку за него, бидејќи имала полни раце работа во нивниот дом.