Кафе муабет

Исповед на Тончи Хуљиќ за бременоста на Хана: Ме фати паника кога ми соопштија!

Се спрема за новата улога...

Пејачот Петар Грашо го очекува своето прво дете со 14-години помладата избраничка Хана Хуљиќ, а хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ не крие дека е среќен што наскоро ќе стане дедо.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Тончи, ти кажа ли некој – ќе станеш дедо? – беше прашан Тончи во емисијата, пишува „index.hr“.

 

фото архива
Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

– Ма не ми кажувајте ништо, ги гледам тие слики. Постојано им велев – ќе ме направите ли конечно дедо? Тогаш кога дојде тој момент, малку ме фати паника. Јас сум човек кој секогаш планира на долги патеки. А што сега кога ќе станам „дедо“? Ќе чекам да станам – „прадедо“ – рекол Хуљиќ.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

На неговиот одговор се надоврза и пејачот Петар Грашо, кој чека дете со ќерката на Тончи, Хана.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

-Секогаш еден на друг сме си правеле лудории, но мислам дека ова е последна, – рекол Грашо.

Тој се осврна на среќната вест дека ќе стане татко.

Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Ми требаше извесно време, како и веројатно на секој човек, да станам свесен за оваа прекрасна информација и сега живееме во слатко исчекување. Кога ја затвораме вратата од нашата куќа, живееме како сите нормални семејства кои чекаат принова – рече Петар.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Што се однесува до менувањето пелени, тој имаше подготвен одговор:

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Мислам дека има и други членови од ова семејство кои треба да прогуглаат како се прави тоа – истакна тој.

Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо

Инаку Тончи претходно истакна дека за убавата вест биле информирани само најблиските членови на семејството и пријателите.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Не се сметаме себеси за посебни и различни од другите луѓе за да ја заинтригираме јавноста до тој степен. Затоа ова е се што можам и сакам да кажам на оваа тема и сигурен сум дека моето мислење го делат сите кои сега се дел од семејството.

фото инстаграм/Петар Грашо

Веста ја потврди и самата Хана откако почнаа да кружат гласини за породувањето.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

„Информациите се точни, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да останат наша приватност“, изјави Хана за Јутарњи лист, наведувајќи дека е бремена околу 12 недели.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

На крајот на минатата година се шпекулираше дека парот планира свадба, а потоа се пишуваше дека Хана веќе знаела кој ќе ја дизајнира нејзината венчаница.

Фото нстаграм/Хана Хулиќ
Фото Инстаграм/Петар Грашо

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close