Новости

СЕ ПРАЗНУВА БОЖИЌ: Ова се обичаите за овој голем христијански празник!

Честит празник христијани...

Божиќ е најсречниот христијански празник ден кога се слави раѓањето на Исус Христос. Тоа е прослава на раѓањето на новиот живот, децата и родителството и како такво е обележано со најубавите верски обичаи.

фото архива

Како се честита Божиќ

На Божиќ, луѓето се поздравуваат со, “Христос се роди!” и тие се поздравуваат со, “Ваиста се роди!” Ако испраќате честитка таа треба да гласи: „Мир Божји, Христос се роди“.

фото архива

Божиќ е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари до 2100 г., а потоа ќе го прославуваат на 8 јануари до 2200 г., па на 9 јануари до 2300 г. итн.

фото архива

Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости. Во народната и црковната традиција во предвечерието на Рождеството се пеат посебни песни наречени каланди кои имаат елементи од византиската традиција и македонското народно музичко творештво.

Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.

Најубавите честитки за Божиќ

Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди!

фото илустрација

Ти ја испраќам ѕвездата со најубав сјај. Ти праќам многу среќа без крај. Ти испраќам љубов голема и најуабви желби за овој празничен ден.

Додека на небото летаат снегулки бели, додека секој подароци и бакнежи дели, ангелите нека понесат порака на крлијата бели, да ти кажат дека ти посакувам најсреќен Божиќ.

фото илустрација

На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ!

Ти посакувам целата година да те прати љубов, среќа, топлина и потреба од блиските. Среќни празници!

фото илустрација

Дозволи Бог да се всели во твоето срце и љубовта да ти биде вечен придружник, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов која царува помеѓу луѓето. Среќен Божиќ!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close