Дом и семејство
Сопругата на Никола Роквиќ откри тајна чувана со години: Пејачот сакал да се замонаши- таа му дала благослов!
Пејачот ја потврди оваа исповед на Бојана...
Познатиот пејач Никола Роквиќ тагува по загубата на својот татко Маринко Роквиќ.
Имено тој постојано се присетува на него, и објавува фотографии на социјалните мрежи по што може да се заклучи колку му недостасува столбот на семејството.
Она што сега ја шокираше јавноста е тоа дека Никола Роквиќ еден период од животот сакал да се замонаши.
Семејството Роквиќ ја чувало во тајност оваа емотивна исповед која никого не остави рамнодушен.
– Имаше моменти кога Никола размислуваше за монашкиот живот, не во смисла дека ќе не напушти, далеку од тоа, туку затоа што тоа исклучително го привлекуваше. И тоа целосно можам да го разберам. Тоа е богатство кое душата може да го почувствува само на такво место. А кога ја добиваме таа благодат, тој благослов од молитвата или постот, тоа е неизмерно со секој земен живот, за да можам да разберам што го привлече. Навистина во еден момент навлезе длабоко во верата, се опкружи со луѓе кои се во неа. Но, подоцна сфатил дека најдоброто нешто што човек може да го направи е да го спроведе тој духовен живот во овој во кој живееме, успеал да најде средина за да живее здрав духовен живот, а не монашки, кој тешко се живее – раскажа неговата сопруга Бојана во емисијата „Додека ангелите“ спијат“.
Оваа нејзина изјава ја потврди и самиот пејач…
– Па, да, тогаш бев малку тежок со семејството. Ова е мое прво сознание за духовноста, секоја тема беше поврзана со духовноста, сакав на сите да им пренесам како изгорев во верата, но не може така. Јас сум човек кој има семејство, има деца и мојата ќелија е моето семејство. Така живеам и се трудам да го најдам тој тесен пат, семејство, а што се однесува до монаштвото, можеби еден ден кога ќе ги одведам децата на вистинскиот пат. Мојата Бојана е голем човек, голема пријателка, таа многу влијаеше на мојот живот, секако, секоја жена влијае на животот на мажот, но таа ја надгради таа емпатија, хуманост…
Три во едно и жена и сестра и другар. Тоа е песната на Маринко. Таа ја виде мојата желба и ми рече: „Никола, ако сакаш да одиш по тој пат, ќе ти дадам благослов“.
Никола откри дека не било лесно да тргне по стапките на својот татко и да си изгради сопствен пат и дека дури сега, кога повеќе го нема, престанал да се докажува…
-Имам чувство дека од кога си замина, подобро пеам. Нон стоп нешто докажував. Тешко е да имаш таква ѕвезда покрај себе и таква кариера, и да се трудиш да изградиш свој пат, да ги достигнеш тие негови височини. Сега кога го нема веќе немам потреба да се докажувам, како сега да ми оставил некое дополнително знаење. Имам чувство дека од кога си замина, подобро пеам. Како да ми остави нешто што родителот им го остава на децата, изјави Роквиќ.
Инаку Никола и Бојана важат за еден од најхармоничните парови на јавната сцена.
Ретко кој познат пар јавно ја покажува својата љубов како што тоа го прават тие.
Откако пред 10 години се заљубија прв пат, не ги кријат емоциите, а сега со гордост можат да кажат дека и по пет години заедно се сакаат уште посилно. Тие имаат две деца.
-Мислам дека кога постои искреност, разбирање и пред се љубов, се е полесно. Ние се обидуваме да бидеме најдобри пријатели, да се разбереме еден со друг и сите пречки да ги преживееме со разговор, открива Никола на кој начин ја негоува љубовта со сопругата и додава.
– Се трудам да водам мирен живот, здрав живот. Опкружен сум со семејството и пријателите кои ги сакам и некако живеам и ги сакам тие идеали. Се обидувам секој па да бидам подобра верзија за себе или барем да одам натака, па и кога ќе паднам, да можам што побрзо да станам. Мислам дека тоа е многу битно, нон-стоп да се трудиме да идеме кон нешто подобро.
Исто така пејачот не крие дека и во неговиот брак има турбуленции и порачува дека денес мора да сфатиме дека за среќно семејство потребно е да се биде несебичен.
– Мислам дека денеска луѓето не сфаќаат што е брак. Колку е потребно одрекување и колку е потребно разбирање и компромис. Што во некои ситтуации едноставно ти треба да бидеш втор а не прв. Да се обидеш да видиш и да сфатиш што му е важно на твоот партнер, кои ситници го исполнуваат.
Кога влегуваш во тој однос, повеќе не си сам и мислам кога двајца влегуваат во брак треба да стаат едно, една целина. Нормално кога доаѓаат децата тоа е се поиаку, тогаш тие се пририоритет, но и тогаш е исто така важно да не се запоставува брачниот партнер.