Градинка
Родителите од градинка открија: Какви се Хари и Меган и како децата го прифатиле Арчи!
Децата не знаат дека Арчи има кралско потекло...
Војводата и војвотката од Сасекс живеат во замок од 14 милиони долари во Монтесито, Калифорнија, а Арчи редовно го носат во градинка каде што неговите врсници дури и не знаат дека е член на кралското семејство, тврдат родители на други деца кои се со него во групата.
Во градинка учат и шпански, музика, танц, глума и компјутерски науки, но имаат и некои не толку традиционални „предмети“ како емоционална писменост и како да се биде љубезен.
Родителот на едно од децата од групата на Арчи изјави за Mirror:
„Хари често го носи Арчи во градинка и доаѓа по него. Изгледа како многу добар татко. Сите родители се опуштени околу Хари и Меган, никој не прави врева околу тоа. А што се однесува до другите деца, Арчи е еден од нив. Тие не знаат дека неговиот татко е член на кралското семејство и веројатно не би им било важно, освен што Меган е принцеза на Дизни“.
Градинката е структурирана во мали групи, а децата учат и да ја чуваат животната средина.
Имаат голема градина полна со славејчиња, овошни дрвја, разни растенија, пеперутки, пчели и деца кои помагаат сето тоа да се одржи во живот. Наводно, Хари и Меган сè уште размислуваат за иселување од вилата бидејќи не им се допаѓа премногу локацијата.
За потсетување, Меган Маркл и принцот Хари неодамна ја споделија првата фотографија од нивната ќерка Лилибет Дијана.
Фотографијата беше нивна божиќна честитка, а објавена е шест месеци по раѓањето на нивното второ дете.
Меган (39) ја држи малата Лили во воздух додека Хари (36) седи со нивното првородено дете, двегодишниот Арчи Харисон, во неговиот скут.
Хари, Меган и Арчи беа облечени во тексас фармерки за семејниот портрет, кој е дело на фотографот Алекси Лубомирски, додека Лили има бел фустан.
„Оваа година ја пречекавме нашата ќерка Лилибет. Арчи нè направи мајка и татко, а Лили семејство“, стои во честитката.
Двојката исто така објави дека нивната фондација Арчевел ќе донира средства оваа сезона на различни организации кои „ги чуваат и штитат семејствата“.
Меган и Хари станаа родители на малата Лилибет на 4 јуни 2021 година во болницата Санта Барбара Котиџ во Калифорнија.