Кафе муабет
Сузана Манчиќ за своите комплекси: Бев млада и убава, не сакав некој да ме купи со пари!
Политичарите не биле познати во тоа време...
Сузана Манчиќ во поранешна Југославија важеше за симбол на женственоста и долго време ја водеше емисијата каде се извлекуваа добитните лото комбинации.
Сузана Манчиќ ја помина најлудата ноќ со сопругот во Будимпешта. Таа си помина фантастично, па пред камерата на „Ексклузив“ се потсети како изгледале новогодишните прослави во младоста и во периодот кога активно пеела.
Таа скромно признава дека многу нејзини пријатели ја сметале за најубава во групата, поради што била неодолива за речиси сите мажи.
-Јас го сакам тој стрес, јас сакам замор, ќерките останаа дома, им направив руска салата, проја, нарачав се што треба а јас со сопругот и со нашите кумови заминав за Будимпешта.
За прославите во минатото вели дека биле многу поразлични од денес…
-Во главно се славеше по дома, се собираше друштво, потоа почнаа да се отвараат убави хотели по Југославија, јас многу сакав, бидејќи во тоа време активно пеев да пеам за Нова Година, тоа ми беше најслатко. Прво хонорарот е барем пет пати поголем него вообичаено а се забавуваш исто како да си на забава за Нова година. Единствено кога ќе дојде 00:00 а ти немаш со кој да се прегрнеш и бакнеш, од оние кои навистина ги сакаш тогаш се прегрнуваш со гостите, се фотографираш. И кога ќе дојдеш на мои години можеби се од твојата младост ќе ти изгледа брилијантно, боженствено, бидејќи тоа беше младост.
Вели дека никогаш не завидувала на никого. Истакнува дека не ни била свесна за својата убавина која привлекувала толку многу момци…
-Дури не бев ни свесна дека поседувам нешто, тоа е можеби Х-фактор кој те одвојува од останатите. Но мојата пријателка Марија Миниќ со која се дружам уште од средношколските денови, таа велеше: Знаеш Манчќ ти кога ќе се појавиш, за секунда се застанува, и вистина е и денеска кога не сум ниту толку млада ниту толку убава тоа се случува. Тоа е нешто што ти го дава Бог, па ако не го злоупотребиш тогаш ќе ти даде дупло.
За љубовта вели дека никогаш не се заљубувала во познати мажи ниту пак се додворувала на некој политичар.
-Многу е тешко да живеат два гламура заедно. Во тоа време кога јас бев млада, политичарите не беа толку популарни, тогаш кога почнаа да се појавуваат богаташите јас се држев на страна, бидејќи имав предрасуди и комплекс дека некој сака да ме купи, можеби пропуштив неколку добри прилики но едноставно така се чувствував. Едно дете во комунизмот кое направило кариера а тоа бев јас, имав доволно пари да уживам во животот па нкој друг не ми беше потребен, освен некој студент, адвокат, новинар..
За потсетување, пред три години познатата водителка Сузана Мачиќ која важи за една од најубавите на Балканот, се омажи за својот долгогодишен партнер од Грција, банкарот Симеон Оцомокос а се венчаа во црквата на островот Пилион каде грчкиот банкар има куќа, а својата љубов ја крунисаа опкружени со најблиските од семејството.
Сузана важи за жена која никогаш не криела дека живее на висока нога, таа не ретко знаеше да предизвика бура од реакции со своите коментари колку пари троши месечно.
Токму тоа и се случи со нејзиниот последен коментар со кој призна колку чини најскапото парче во нејзиниот плакар.
Имено, таа во едно нејзино интервју за српскиот Телеграф, призна дека најскапото парче го подарила на нејзината ќерка. Во прашање е фустан Армани за кој платила две-три илјади евра. „Тоа навистина е страшно! Иако е купен по пола цена, тоа повторно е многу страшно“, призна Сузана во интервјуто со нејзината препознатлива насмевка на лицето.