Кафе муабет
Велат дека овој ритуал носи среќа: Направете го ова точно на полноќ и ќе ви се исполнат сите желби!
Многумина велат дека овој ритуал помага за исполнување на желбите...
За да ги исполните вашите најголеми желби, треба да направите еден ритуал на 31 декември.
Размислете што ви е најважно во животот и имајте на ум дека секоја желба мора да биде остварлива, реална и никого да не загрозува. Откако ќе ги замислите желбите, запишете ги како веќе да се исполнети – да речеме, во минато време. („Најдов подобра работа“ итн.).
Потоа, за секоја желба земете нешто материјално за да ја симболизира желбата која сте ја замислиле: ако сакате стан, ставете го клучот, ако сакате љубов, парче хартија исечено во форма на срце итн. Свиткајте ја хартијата со желбите, па ставете ги сите овие ситници на средина, а потоа сите заедно ставете ги во плик.
На 31 декември вечерта ставете го пликото под новогодишната елка и оставете го таму три дена, а потоа скријте го подалеку од видното поле. Откако ќе се оствари една од овие желби, отворете го пликото и извадете ја ситницата што ја симболизираше таа желба и повторете ја истата постапка кога желбата една по една се исполнува.
Обичаи кои (НЕ) ТРЕБА да се применуваат за Нова Година!
Нема плачење на 1 јануари! Се верува дека солзите на првиот ден од новата година не се добри бидејќи можат да ги одредат случувањата за следните 12 месеци и на тој начин да привлечат повеќе солзи!
Раното станување на 1 јануари дефинитивно е последното нешто што го сакате, но Полјаците веруваат дека тоа значи дека лесно ќе станете од кревет цела година, без одложување на алармот и слично.
Веројатно веќе го знаете тоа – се верува дека ако бакнете некој што го сакате на полноќ на 31 декември, вашата љубов ќе трае и следната година. Доколку не сте зафатени, т.е. немате партнер, бакнувај некој што го сакаш затоа што е важно околу нас да има луѓе кои ги сакаме, без разлика дали се пријатели, мама, тато, брат, сестра…
Луѓето веруваат дека позајмувањето пари на Нова Година може да значи дека така ќе биде цела година. Па, ако не сакате некој да ви бара пари цела година, почекајте барем до 2 јануари со кредитите.
Кога ќе дојде полноќ на 31 декември, бидете гласни! Се верува дека на овој начин можете да ја избркате негативната енергија и злите духови. Но, бидете внимателни, можеби тоа нема да им се допадне особено на вашите соседи …
Веројатно веќе сте слушнале за ова – ако сакате 2022 година да биде „пожешка“, носете црвена долна облека. Се верува дека тоа ќе внесе страст во врската.