Кафе муабет
Сопругата на Сале Поповиќ со солзи во очите: Не можам да поверувам дека веќе ги нема…
Пејачката прозборе за загубата на блиските пријатели...
Сузана Јовановиќ, познатата пејачка и сопруга на Саша Поповиќ, заплака додека ја сумираше годината зад себе, поради колегите кои ги загуби.
– Тажна година поради сите колеги кои си заминаа… – рече таа на почетокот на разговорот со медиумите, па се расплака.
– Не знам што да кажам… Сè уште е свежо, не можам да прифатам дека заминаа. Таков е, животот продолжува, јас го знам тоа, но тоа е многу (тешко). До вчера се дружите, одите на слава, на веселби и наеднаш ги нема – рече Сузана за „Гранд онлајн“.
Инаку, откако престана активно да пее, Новата година ја прославува исклучиво во кругот на најблиските.
– Бидејќи не пеам активно сакам да сум дома во топол дом со Сале и Александра. Ќе биде убаво јадење, малку ТВ програма и слично – објаснила Јовановиќ, па открива зошто семејството ги „прескокнува“ подароците.
– Тоа одамна го немам направено. Нас ни е подарок секој ден, сето тоа се некои ситници. Колку си постар, толку повеќе не сакаш ништо, само здравје, да ме служат нозете, да не ми треба ничија помош – искрена била пејачката.
За потсетување, неодамна во јавноста протече и тестаментот на Саша Поповиќ.
Иако е здрав и витален, Саша Поповиќ реши да состави тестамент и конечно да реши на кого ќе го остави целото богатство.
Според медиумите, тој прочитал дека во светот богатите луѓе најчесто пишуваат тестаменти додека се здрави и витални за да не го прават тоа при крајот на нивниот живот, па наводно тајно се сретнал со адвокатот.
-Ми кажа дека долго размислувал за тоа, бидејќи тука во Србија се уште е табу тема. Сепак, тоа го правеле се повеќе негови пријатели, па се решил и на тој чекор. Сузана не кажа ништо, но вистината е дека со денови не можеше да спие бидејќи се прашуваше дали постапува правилно. Тој тајно отишол на совет кај семејниот адвокат, а потоа составил тестамент и го заверил кај нотар. Бидејќи таквите работи се многу трогателни, тој решил засега ништо да не кажува на семејството за да не ги вознемири – тврди за „Стар“, наводно близок пријател на Саша.
Како што е веќе познато, Поповиќ решил целиот имот да и го префрли на сопругата Сузана Јовановиќ, а сега се наведува дека внел ставка таа потоа имотот да го подели на нивната заедничка ќерка Александра, како и Даниел, нејзиниот син од првиот брак кого Саша го одгледа како свое дете.
-Кога го видел вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ како се бори за трошка наследство од татко му кој му го дал презимето, решил се што има од недвижен имот во Белград и Хрватска да и остави на сопругата Сузана. И на неа останува сето тоа. а потоа таа да го подели на еднакви делови. Вели дека од срцето му паднал камен кога сето тоа го запечатил и го завршил. Некако си симна тежок товар од себе. Сега може без размислување да се опушти и да ужива, дури и да се појави некој од страна и да побара дел од имотот или нешто слично, иако е сигурен дека тоа нема да се случи – тврди изворот.