Кафе муабет
Копија на мама: Погледнете во каква убавица порасна ќерката на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ!
Парот е во брак 10 години а од нивната љубов се роди ќерката Нина...
Јелена Томашевиќ синоќа одржа концерт во Белград.
Пејачката во празничното издание зрачеше со енергија и блескаше на сцената, особено поради фактот што во публиката седат нејзините најблиски.
Ќерката на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ, рака под рака со својот татко, присуствуваше на концертот за да ја поддржи мајка си, која по долга пауза повторно пееше во Белград.
Кога се појави Нина Босиљчиќ, присутните останаа без текст. Помала реплика на мама Јелена влезе во салата придружувана од нејзиниот татко Иван. Убавината, а пред се држењето и манирите на вистинска млада дама, Нина ја наследи од нејзината мајка Јелена.
Но, присутните можеа да го забележат и она за што Јелена многупати зборувала во своите интервјуа, Нина Босиљчиќ фзички потсетува на неа, но дефинитивно е принцеза на тато.
Иван во една прилика зборуваше за воспитувањето на ќерката Нина:
– Мојата намера да бидам строг со ќерка ми исчезна. Јелена и јас и даваме на нашата Нина неизмерна љубов. Животот ќе ја научи на останатото и таа ќе биде немилосрдно строга. И таа ќе издржи се само ако ја научиме на љубов – рече Иван за „Hello“.
Јелена и Иван прославија десетгодишнина од брак, а актерот нагласува дека не постои рецепт за совршена врска.
– Секој брак е универзум за себе, не се осмелувам да давам совети на таа тема, единственото нешто за што можам да зборувам е начинот на кој ние живееме и начинот на живот од кој не се откажувам. На прашањето дали е романтичар, Иван вели:
– Таму каде што има чувства, има романси. Не мора секогаш да е слатко, 8 март. Секој што слуша, чувствува и замислува е романтичен. Мислам дека нема врска со возраста, ниту со времето каде живееме.