Кафе муабет
Се шпекулираше дека Брена е виновна за раскинувањето: Виктор Живојиновиќ и Сандра повторно заедно, ова ги издаде!
Парот изгледа реши да си даде втора шанса...
Веќе подолго време се шпекулираше дали Виктор Живојиновиќ, синот на Лепа Брена, се уште е во врска со избраничката Сандра Миљаковиќ.
Двајцата наводно неколку пати раскинувале, а сега поради социјалните мрежи се шпекулира дека дошло до конечно помирување. Имено, тие двајца во исто време се на исто место а тоа не е случајност.
Виктор пред неколку дена објави видео од Копаоник, а веднаш потоа и Сандра објави фотографија на својот профил од истото место.
Што точно се случува помеѓу Сандра и Виктор не е познато, но многумина пишуваат дека тие двајца патуваат заедно.
Како што е познато, двојката не се огласи за раскинувањето, ниту мајката на Виктор, Лепа Брена, која беше обвинета дека наводно го „подгорела“ раскинувањето бидејќи не мислела дека нејзиниот син е „зрел за брак“.
Освен тоа, до раздорот наводно дошло и за време на заедничкиот одмор во Дубаи, каде Брена не се одвојувала од синот и идната снаа, а тоа наводно и пречело на Сандра, па почетокот на крајот се почувствувал во воздухот.
Инаку, тие беа во врска две години, а преку летото се појавија првите информации дека се разделиле.
Сандра во една пригода ги демантираше овие гласини, но од тогаш тие ниту еднаш досега не беа видени заедно.
„Ме насмеавте со овие измислици. Луѓе, не јавувајте ми се, се е во најдобар ред, секако дека не сме раскинале“, напиша тогаш Сандра, иако од тогаш и двајцата немаат објавено ниту една заедничка фотографија на Инстаграм.
Виктор беше во врска со колешка на Брена!
Веќе извесно време се шушкаше дека помладиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, започнал емотивна врска со млада талентрана пејачка.
Имено Виктор наводно по завршувањето на врската со Сандра Миљаковиќ со која беше во љубов две години, фрлил око на пејачката Лена Чолак која јавноста ја запозна како натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“.
– Виктор и Лена се познаваат подолго време, а таа била ангажирана да пее на приватните прослави на семејството Живојиновиќ. Дури и тогаш, таа го привлече вниманието на Виктор, но меѓу нив никогаш не се случи ништо. На Виктор му се допаѓа колку е Лена амбициозна и спонтана, особено му е драго што кариерата не ја гради врз скандали. Не се надевал дека и таа ќе се појави на настанот на кој бил тој, па кога ја видел многу се израдувал – изјавил извор за „Стар“.
Исто така, како што понатаму се наведува, Лена и Виктор биле во тајна врска, бидејќи тој наводно не бил подготвен да и каже на мајка си дека се гледа со неа судејќи по тоа што таа наводно го поддржувала неговото помирување со Сандра.
– Тој веднаш тргна во акција. Тие наздравуваа цела вечер, се смееја, а по настанот заедно со останатите од друштвото продолжија да се забавуваат. Колку што знам тие се во некоја тајна врска која се уште ја кријат бидејќи Виктор не смее да и каже на Брена дека се гледа со пејачката. Таа се уште навива да се смири со Сандра бидејќи ја засакала како ќерка – заврши изворот за „Стар“.