Кафе муабет
Девојката на Андрија Милошевиќ итно примена во болница!
Хоспитализирана поради ризична бременост...
Актерката Александра Томиќ пред два дена е итно хоспитализирана во ГАК „Народни фронт“!
Инаку актерот Андрија Милошевиќ веќе десет години е со својата избраничка Александра Томиќ, која исто така е актерка. Тие двајца неодамна ѝ кажаа на јавноста дека нивното семејство наскоро ќе стане побогато за уште еден член.
Како што дознаваат медиумите, од извор близок до актерот, актерката е во 22-та недела од бременоста и била примена во ГАК „Народни фронт“ бидејќи се работи за ризична бременост.
-Александра ќе помине неколку дена во болница, лекарите велат дека нема место за паника – вели извор близок до актерскиот пар за медиумите.
Тие не сакаат јавно да го експонираат приватниот живот, но пред неколку дена актерката ги изненади сите со фотографија на која се гледа трудничкиот стомак.
Имено, таа позирала пред огледало во пижами, а сите прво го забележаа нејзиниот стомак како наѕира.
Веднаш по објавувањето следеа коментарите: „Убава, ти годи бременоста“, „Колку си слатка и природна“, „Убава трудница“ …
Андрија неодамна ја потврди убавата вест и изјави дека има моменти кога ќе зборува за тоа. Најверојатно поради фактот дека бременоста на актерката е ризична парот не сака да зборува предвреме за тоа што ги очекува во иднина.
– Многу сум среќен поради добрата вест. Не го криеме. Ќе дојде време кога јавно ќе зборуваме за тоа. Еуфоријата е голема. Благодарам на сите луѓе за честитките. Ќе има можности да се зборува за се во јавноста – изјави актерот за медиумите.