Кафе муабет

НЕВИДЕН ЛУКСУЗ: Пејачката го покажа станот во Франција- чини цело богатство!

Се пофали со новото љубовно гнездо...

Пејачката Катарина Каја Остојиќ веќе извесно време живее во Франција со својот избраник, фудбалерот Мате Павловиќ.

фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ

Тие двајца неодамна купиле стан, а зградата во која се наоѓа датира од 18 век. Иако тогаш служела како зграда во која живеела војската, со текот на времето била реконструирана, а сега наликува на вистински замок.

Каја сега се пофали на своите фанови и покажа како изгледа нивниот луксузен стан за кој како што пишуваа медиумите платиле дури 100.000 евра.

фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ

– По два месеци конечно се е тука. Мислам, кај мене ништо не е конечно, така што секогаш ќе има некои детали и промени, но сега може да се каже дека пристигна и последното парче мебел што го порачав. Кога ќе помислам на овие кутии, ми се гади! А тоа што влеговме во станот БЕЗ плакар, ние двајца стоногалки со нашите 2774467533 кутии за гардероба, не се знае кој е полуд. Но, еве, ова успешно го доведов до крај… само да ме видевте како монтирам и уредувам, ќе се гордеете со мене и ќе ме сакате барем малку повеќе. Се ми оди од раце, фала богу – напишала пејачката покрај видеото од станот.

фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ

Не сакам да родам син на 45 години!

Во улогата на мајка, познатата српска пејачка Катарина Каја Остојиќ се реализира кога наполни 18 години, а своето средно образование го заврши како вонреден ученик.

фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ

Таа вели дека никогаш не се покаја што го родила детето иако била многу млада, и посочи дека ниту нејзиниот тогашен партнер Никола Драгољовиќ сакал тие да го задржат детето.

фото инстаграм/Каја Остојиќ

– Кога дознав дека сум бремена, не се исплашив, иако бев млада. Ниту Никола. Прифативме дека „така треба да биде, се сакаме, ќе си го чуваме бебето и се венчаме“. Моите имаа големи очекувања за мене, па веста дека сум бремена беше шокантна за нив. Тие беа и против мојот однос со Никола. Ги повредив со своите постапки, тие навистина беа лути на мене, но сега ги разбирам – рече Каја за „Информер хит“ и додаде дека проблемите во бракот започнале за време на бременоста.

фото инстаграм/Каја Остојиќ

Пејачката искрено проговори за периодот во бременоста и посочи дека токму тогаш почнала да сфаќа дека Никола не е за неа, но помислувала дека тоа е поради хормоните од бременоста.

фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ

– Кога се породив, ја очекував неговата поддршка, но не ја добив. Тогаш сфатив дека и јас не сум психички подготвена за бебе, иако мислев дека сум. На Никола му беше подобро да излезе во град со пријатели, отколку да биде со мене и нашето дете. По голема расправија, го викнав татко ми да ме земе. Тато веднаш дојде а јас поднесов барање за развод – изјави пејачката која зад себе има три брака.
Пејачката веќе некое време е во врска со хрватскиот фудбалер Мате Павловиќ, кој го запозна преку заеднички пријател.

фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ

– Никогаш немав желба да се омажам. Очигледно трите брака ми се случија затоа што не фантазирав за нив како другите жени. Тој потпис на хартија не може да им помогне на луѓето да останат заедно. Иако сум свесна за тоа, никогаш не вели никогаш. Моите планови честопати пропаѓаат и животот ме изигрува- рече пејачката и додаде дека би сакала да се реализира како мајка по втор пат.

фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ

– Би сакала да имам син, но не би сакала да го родам на 45 години. Сега имам 37 години ако ми се случи во следните три години, ќе го сметам за дар од Бога. Меѓутоа, ако не родам до 40 години, ќе се откажам – беше искрена Каја.

фото инстаграм/Каја Остојиќ
фото инстаграм/Каја Остојиќ

Ќерката на Каја денес има 18 години а пејачката рече дека е многу горда на неа.

фото инстаграм/Каја Остојиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close