Кафе муабет

“Мојот сопруг има бурно минато”: Убавата водителка од „Практична жена“ откри детали за бракот!

Во своите интервјуа често пати знае да истакне дека разбирањето е клучот за хармоничен брак....

Водителката Наташа Павловиќ важи за една од најатрактивните водителки во регионот. Таа често пати добива комплименти поради својот природен изглед, нејзината харизма и насмевка.

Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ

Многумина би се согласиле дека таа е комплетна жена, комбинација од убава, паметна, згодна, атрактивна, успешна во својата кариера, добра сопруга и мајка.

Во своите интервјуа често пати знае да истакне дека разбирањето е клучот за хармоничен брак, а во едно интервју се осврна и на бурното минато на нејзиниот сопруг.

Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ

– Кога еден млад човек ќе се заљуби, тој веднаш сака свадба и деца, бидејќи смета дека таа љубов ќе трае вечно. Сепак, за двајцата е важно да проживеат многу работи, за бракот подоцна да биде похармоничен и да не „полудат“ во педесеттите години – истакна таа еднаш за „Стори“, додавајќи дека сакала да знае што точно тој преживеал пред неа.

Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ

– Го испитав детално, па кога сфатив дека имал „милион“ жени, дека излегувал, патувал и направил се што треба да направи еден млад човек, тогаш реков – супер. Не дека не ми пречеше што има толку многу жени во неговиот живот, но ми беше мило затоа што знаев дека ќе може да ме цени повеќе. Мислев дека научил што сака и што не сака, исто како мене – додаде Наташа, заклучувајќи ја приказната со зборовите:

Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ

– Му ја раскажав целата своја историја, само моето минато не беше бурно како неговото. Но, имав многу можности да заклучам што сакам и врз основа на моето и искуството на моите пријатели. На триесет години, вие сте зрел човек, но сигурно не бевте зрели и пред тоа. Не велам дека не можете да најдете партнер за цел живот, но тоа е чисто коцкање. Секој ден му заблагодарувам на Бога што чекав и што ништо не направив набрзина.

Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ
Фото Инстаграм/Наташа Павловиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close