Нега и здравје
Поради болecта постојано ме исмејуваа: Оваа девојка се соочува со тежок живот, но не се крие!
Сега кога има 25 години, Клер гордо позира покажувајќи ги дамките на телото...
Кога имала 19 години на Клер Спуригин и била дијагностицирана псоријаза која и го променила животот.
Неможејќи да се помири со фактот дека целото тело и е покриено со црвен дамки таа вели дека тогаш започнал нејзинипот пекол.
“Кога добив псоријаза, сè ми се сруши. Имав 19 години, а во тие години физичкиот изглед ви е најважен. Се сеќавам дека моите врсници ме нарекуваа со погрдни имиња и ми се смееја”, рекла Клер.
Сега кога има 25 години, Клер гордо позира покажувајќи ги дамките на телото.
На почетокот тоа вешто го криела, а потоа решила на сите да им покаже како изгледа болеста со која се справува.
Клер со години ги покриваше црвените делови од нејзината кожа од страв дека луѓето ќе покажуваат со прст кон неа. Но, сега на 25-годишна возраст, таа конечно го прифати својот изглед и на Инстаграм споделува неверојатни фотографии од своето тело за да им покаже на другите заболени дека не се сами.
„Ми требаа години да ја прифатам својата кожа и да не ми е непријатно во бикини на плажа. Бев во постојан страв дека некој ќе покаже со прст кон мене-вели Клер.
Таа била шокирана од тоа како луѓето отворено ја прашувале „што не е во ред со тебе“, а тоа довело до чувство на непријатност и губење на самодовербата.
На Клер и беше дијагностицирана псоријаза во 2017 година – тешка системска автоимуна болест која се препознава по големи промени на кожата. Водечка причина е генетиката, а болеста е придружена со циклуси на подобрување и влошување.
Како последица од псоријаза, Клер имаше изгореници од сонце на рамениците.
„Имав изгореници од сонце на рамената и тоа беше предизвикувачот на мојата псоријаза, изгорениците никогаш не зараснаа, рамената многу ми се исушија, а потоа на телото ми се појавија други дамки кои се проширија“, објаснува Клер.
Дури по една година лекарите ја откриле вистинската дијагноза
„Ги потрошив сите пари на креми кои не делуваа и потоа отидов кај дерматолог, кој веднаш рече дека имам псоријаза. Потоа почнав со полесни третмани, но подоцна завршив со светлосна терапија (УВБ зраци)“, вели Клер.
Иако нејзината состојба на кожата е постојана борба, Клер е решена да не и дозволи на болеста да ја победи и често објавува фотографии од нејзиното тело на Инстаграм, каде ја следат преку 10.000 луѓе.