Кафе муабет
ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ НА НЕДА УКРАДЕН: Бев во врска со насилник, трпев тортура и насилство, алкохолот беше виновен за се!
Неда Украден прозборе за тортурата низ која поминал
Пејачката порано жареше и палеше на сцената, а тоа не се промени ниту сега кога таа е во поодминати години, благодарение на нејзиниот младешки изглед.
Таа иако е на прагот на осмата деценија сепак многу помлади колеги можат да и подзавидат на енергијата и ведриот дух.
Неда Украден во едно интервју си ја отвори душата и призна дека во минатото била потенцијална жртва на насилство. Имено, нејзиниот поранешен партнер се обидел да ја удри, а таа решила веднаш да го сопре, бидејќи не сакала да трпи психичка или физичка тортура.
-Имаше обиди, до душа се оправдуваше со поголема количина алкохол. И што го предизвика? Па, љубомора и сопствена суета. Се чувствуваше загрозен, мислеше дека го правам будала, го изневерувам или се гледам со некој друг – рече Неда.
Таа истакна дека оправдувањето пред партнерот никогаш не може и не треба да биде опција и дека тоа е она што води до самиот крај.
– Тоа „мајко моја, не е вистина“ и слично, епа никогаш во животот! Откако ќе почнете да се извинувате и да убедувате некого, тогаш е крај на самодовербата, крај на среќниот живот. Постојано ќе бидете виновни, ќе чувствувате грижа на совест што не сте дошле порано, што не сте се јавиле дека доцните. Ајде, те молам! Допрва треба да се правдам дека некој ми помогнал, кога сум дошола и дали и кој ме погледнал – отворено рече Неда.
Инаку љубовниот живот на Неда Украден е доста интересен, а пејачката неодамна раскажа една анегдота за нејзиниот поранешен свршеник.
Имено Неда Украден беше во хармоничен брак 15 години со режисерот Милан Билбија, кој почина во 2013 година. Иако, како што рече, ги поминала најдобрите години од животот со него, во нејзиниот живот имало и друг маж, со кого за малку ќе се омажела.
Љубовниот живот на Неда би се вклопил во една анегдота – која гласи дека таа „избегала“ од сопствената свадба. Имено пејачката неодамна откри дека венчавката во Америка со маж од српско потекло била закажана, а таа се премисли во последен момент.
– Го оставив човекот пред свадбата! Тој човек беше од наше потекло, но живееше во Америка. Се беше средено, и јас одеднаш одлучив да не одам со него пред олтарот. Едноставно го сменив мојот план – рече Неда за „Информер“.
Таа исто така додаде дека воопшто не се покајала поради своите постапки.
– Бевме заедно една година и навистина се сакавме. Се изгледаше совршено додека не го оставив, а потоа ми го покажа своето вистинско лице. Кога му раскинав го демолираше целиот хотел Хилтон во Америка поради мене. Беше ужасно љубоморен! Тогаш сфатив дека жената мора добро да ги отвори очите кога ќе одлучи да се омажи. Бев во брак пред тоа и тоа ми беше доволно – изјавила Неда за споменатиот медиум.
За потсетување, Неда од бракот со Милан ја има ќерката Јелена Билбија Миновиќ која одлучи да не оди по стапките на мајка си и да стане јавна личност.
Јелена е успешна директорка на маркетинг, не сака да се истакнува во јавност, а сопственичка е на салон за убавина во Белград.
– Моја желба, како на секоја нормална жена, посебно на оние разведените, е да го гледаат детето среќно, како има свое семејство, рече Неда во една прилика за ќерката, која со сопругот Пецо имаат три деца, близначките Александра и Неда, како и синот Душан.