Кафе муабет
Северина покажа како го поминува викендот – eве што прави со новиот фраер!
Милетиќ деновиве го заклучи својот Инстаграм профил за јавноста, откако фановите почнаа да ја разгоруваат прказната дека меѓу него и пејачката има нешто повеќе од само пријателство и соработка...
Познатата пејачка Северина на својот Инстаграм покажа како го поминува викендот и ги воодушеви фановите.
„Викенд во природа“, се пошегува пејачката со фотографија од студиото. На фотографијата се гледа и маж чие лице го крие капа, но таа го означи и откри дека тоа е нејзиниот соработник, музичкиот продуцент Филип Милетиќ, со кој во последно време многу се дружи.
Инаку, Милетиќ деновиве го заклучи својот Инстаграм профил за јавноста, откако фановите почнаа да ја разгоруваат прказната дека меѓу него и пејачката има нешто повеќе од само пријателство и соработка.
„Кога ќе биде тој поп албум веќе?“, „Јао, кога ќе го искине новиот албум“, напишаа фановите кои со месеци го чекаат новиот албум на Северина.
За потсетување, по шест години брак и развод од поранешниот фудбалер Игор Којиќ, пријателите на пејачката велат дека таа е повторно заљубена.
Наводно на пејачката и цветаат рози кога станува збор за љубовниот живот, а веќе на големо се зборува дека таа е во врска со продуцентот Филип Милетиќ.
Неодамна најблиските пријатели на Северина беа на ручек во моден ресторан во Загреб. Ја повикале и пејачката но таа но таа одбила. Пријателката на Севе потоа искоментирала: „Нашата пријателка повторно е многу заљубена“.
Севе и Милетиќ ја започнаа соработката пред десетина години, кога тој работеше на хитовите како „Бред Пит“, „Узбуна“, „Италијана“… Во секој случај, пејачката и продуцентот се неразделни по нејзиниот развод со Игор.
Кога пред четири месеци го провалиле станот на Северина од станот во загрепски Бијеник, по разговорот со полицијата, освен пејачката и нејзиниот менаџер Томица Петровиќ, излегол и Милетиќ. Севе и Томица се оддалечиле со еден автомобил, а Милетиќ заминал во непознат правец со својот автомобил.
Откако потврди дека дефинитвно става крај на бракот со Игор, Северина го помина времето со пријателите на море, а со нив бил и продуцентот. Потоа позираа заедно во костим за капење, а заедно се појавија и на промоцијата на книгата на Димитриј Поповиќ во Клиничката болница Дубрава. Таа пред неколку дена позираше со Филип и му подари роденденска торта на која пишуваше „Те сакаме“.