Кафе муабет
Еве како изгледа денес Илма Карахмет- Пејачката се трансформираше, нема да ја препознаете!
Два месеци по наполнување на 18 години, Илма одлучи да се омажи за Седин Лакач, со кого беше во емотивна врска неколку години...
„Кога некој се мрази како ние, тоа мора да е љубов“, е текстот на песната на Илма Карахмет, која се врти на радио станиците во последните денови, а приватниот живот на пејачката е малку познат во јавноста.
Имено, повеќето ја паметат Илма како слатко тринаесетгодишно девојче кое учествуваше на натпреварот „X Factor Adria“, каде ги освои симпатиите на целиот регион, кога ја отпеа песната “Ima jedan svet” , а ова видео има неколку милиони прегледи на YouTube.
Илма се појави на сличен натпревар во Хрватска, „RTL Zvijezde“, каде го освои првото место и награда од околу 13.000 евра, но после тоа извесно време не се појавуваше во јавноста.
Два месеци по наполнување на 18 години, Илма одлучи да се омажи за Седин Лакач, со кого беше во емотивна врска неколку години. Свадбената веселба се одржа во Сараево, а среќната двојка не ја криеше радоста.
Како што еднаш изјави Илма, таа му е благодарна на својот сопруг за сè, а особено за нејзиното огромно внимание, љубов, искреност и поддршка во работата што ја работи.
– Откако сум во брак, животот ми стана многу полесен. Јас и сопругот сме доста организирани и водиме сметка за сè, особено кога станува збор за мојата работа и заедничкиот живот. Благодарна сум на сопругот за сè, а особено за неизмерното внимание, љубов, искреност и поддршка во работата што ја работам, тој е секогаш тука за да ми помогне. Оние кои го следеа тоа шоу можеа да видат каква поддршка имав од него за време целиот натпревар, и во приватниот живот е така. Неговата поддршка ми значи многу, и некако сè оди полесно кога сме заедно – рече Илма во едно интервју за Azra.ba.
„Се омажив од љубов и на секого би му посакала да биде среќен како јас. Тој секако, покрај моите родители, ми ја дава најголемата поддршка, бидејќи сум жена и неговата машка рака ми треба“, откри Илма.
Еве како изгледа денес: