Дом и семејство

„Престанете да го сожалувате мојот сопруг затоа што нема син“- мајка револтирана од предрасудите со кои се соочува!

Мојот кутар сопруг? Кој не би сакал да биде опкружен со толку силни, убави жени?! Да бидеме сериозни, има многу придобивки од тоа да се биде татко на девојче...

Даниела Ричи е мајка на две девојчиња, а третото е на пат. Таа за “Scarymommy” ја сподели својата приказна за стереотипите со кои се среќава нејзиниот сопруг како татко на девојчиња.

фото илустрација

„Мажот ти е за креота “. „Дали сепак ќе се обидеш да му родиш син?? “Повторно девојче ?! Среќно, човеку!”

фото илустрација

Вистината. Го очекуваме нашето трето девојче, а ова се само дел од прашањата кои секојдневно н ги поставуваат– најмногу на сметка на мојот сопруг. Разбирам. Знам дека овие коментари се со мала доза на шега и благ сарказам, но реалноста е дека тоа е реакција што ја добиваме од речиси сите со кои разговаравме. На мојот сопруг му е смешно, но би сакала да го споделам ова скуство.

Мојот кутар сопруг? Кој не би сакал да биде опкружен со толку силни, убави жени?! Да бидеме сериозни, има многу придобивки од тоа да се биде татко на девојче.

фото илустрација

Мојот сопруг растеше како најстар во семејство со пет момчиња и едно девојче. Да се ​​биде дел од женско домаќинство можеби му е непозната територија, но се снаоѓа како вистински професионалец. Тој ќе биде првиот што ќе каже за себе дека не е чувствителен тип, а ако тоа е вистина, тогаш е дека тоа што е татко на девојчиња го направи подобар сопруг и човек.

фото илустрација

Сфатив дека тој е поразбирлив, трпелив и сочувствителен. Не велам дека немаше да биде таков и ако имавме момче, но девојките го натераа да размислува од перспектива на која не беше навикнат.

фото илустрација

Ќе имаме ли уште деца? Можеби. Дали е тоа затоа што сакаме момче? Апсолутно не! Две работи многу ме иритираат.

фото илустрација

Прво, луѓето што коментираат веројатно не ја знаат нашата ситуација кога станува збор за бременоста.

Што ако имаме проблеми со зачнувањето? Што ако не можеме да имаме повеќе деца или ако тоа е спротивно на лекарскиот совет? Досега бевме благословени со здрави бремености и бебиња, но многу други луѓе не се и никогаш не знаете што вашиот невин коментар може да предизвка кај некој.

фото илустрација

Второ, не е дека мојот сопруг е подложен исклучиво на принцези и розова боја. Во дневната соба одржуваат класични рок -концерти и (за жал) гледаат многу борби и вежбаат потези со својот татко. Мојот сопруг не го заклучи својот стил на родителство во родов стереотип.

фото илустрација

На мојот сопруг не му треба „среќа“ за да продолжи да биде неверојатен татко на своите девојчиња. Доброто родителство е вештина и јас лично мислам дека добро се снаоѓа во врската татко ќерка.

Го гледав како учи да ги лакира ноктите, го научи текстот на секоја песна од Убавицата и ѕверот и (иако можеби не признава) мислам дека е прилично „врзан“ за Frozen II. Мојот сопруг стана прилично добар во разликувањето на лажните солзи од вистинските и знае како да каже не на „Тато,Те молам“.

фото илустрација

Учиме од ден на ден и секое воспитување е уникатен родителски пристап. Да, веќе имаме две девојки, но не, тие воопшто не се слични. Тоа што го прави со едно дете можеби нема да функционира кај другото.

фото илустрација

Мојот сопруг научи кога им е потребна прегратка, а кога да земе длабок здив. Но, погодете што? Тепачки? Изливи на гнев? Дилеми за оброци? Тие не се родови специфични проблеми. Тоа се проблеми со кои секој родител би можел да се соочи со секое дете. Така, можеби ќе имаме малку среќа да играме PowerBall, но кога станува збор за родителството, ќе се фокусираме на вештините и многу љубов.

фото илустрација

Конечно, ако сте еден од оние луѓе кои се шегуваа за оваа бременост, тоа е во ред; ви простуваме. Ова во никој случај не е наменето како напад врз вас или ваша пријателска шега. Знаеме дека сме опкружени со многу луѓе кои се толку среќни за нас и го поддржуваат нашето семејство. И додека го чекаме нашето трето мало девојче да дојде на овој свет, само треба да знаете дека мојот сопруг ќе биде добро. Всушност, мислам дека ќе биде повеќе од добро. А ако на „кутриот“ му треба одмор од чајџилниците, можете да го однесете на пиво.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close