Кафе муабет

Го покажа “најскапоцениот камен”: Погледнете каква убавица е наследничката на Селма Хаек!

Убавата Мексиканка неодамна откри како изгледа нејзината ќерка, младата наследничка Валентина...

Селма Хајек важи за една од најубавите актерки во светот. Имено таа речиси за се што се случува во нејзиниот живот јавно објавува на социјалните мрежи, но после долго време криење од очите на јавноста реши да покаже и како изгледа нејзиниот најскапоцен камен.

Фото Инстаграм/Селма Хајек
Фото Инстаграм/Селма Хајек

Убавата Мексиканка неодамна откри како изгледа нејзината ќерка, младата наследничка Валентина.

Фото Инстаграм/Селма Хајек
Фото Инстаграм/Селма Хајек
Фото Инстаграм/Селма Хајек
Фото Инстаграм/Селма Хајек

Иако актерката се обидуваше да ја задева јавноста и да открива некои детали за нејзината ќерка, таа секогаш се обидуваше некако да ја скрие и да ја држи подалеку од очите на јавноста.

Фото Инстаграм/Селма Хајек
Фото Инстаграм/Селма Хајек

Како што самата изјави еднаш, таа сака да ја поштеди ќерката од центарот на вниманието и притисокот од јавноста. Сепак сега Селма одлучи да открие кој е нејзиниот мистериозен „двојник“, па дојде на премиерата на најновиот филм на Марвел „Вечни“ со нејзината ќерка Валентина, која практично е нејзина копија.

Фото Инстаграм/Селма Хајек
Фото Инстаграм/Селма Хајек
Фото Инстаграм/Селма Хајек
Фото Инстаграм/Селма Хајек

Девојчето има 14 години, а најновите фотографии се доказ дека таа ја наследила егзотичната убавина од нејзината мајка, а според странските медиуми, Валентина ја обожува модата и честопати, заедно со својата шик мајка, присуствува на модни ревии и други настани.

Фото Инстаграм/Селма Хајек

Актерката ја доби ќерката со францускиот милијардер Франсоа Анри-Пино, со кого е во брак од 2009 година, а честопати им посочува на медиумите дека нејзиниот сопруг е нежен и грижлив татко, и дека Валентина потсетува на него по карактер.

фото профимедиа

Инаку неодамна актерката објави фотографија со Валентина и и посвети емотивна порака.

Фото Инстаграм/Селма Хајек

„Мое драго девојче, ти си ми се. Благословен да е денот кога влезе во мојот живот да заблескаш со својата блескава светлина. Среќен роденден, Валентина! Благодарам што си ти ти“, напиша Хајек во опис на фотографијата.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close