Кафе муабет
Дарко Лазиќ призна која жена најмногу ја сакал во животот и ги иненади сите
Барбара е прекрасна девојка, ние сме во ист бизнис, ние сме заљубени...
Фолк -пејачот Дарко Лазиќ за првпат гостуваше со својата девојка Барбара Бобак во емисијата „Амиџи шоу“.
Веднаш уште на самиот почетокот на шоуто, пејачот откри детали од врската со атрактивната пејачка и неговите чувства кон неа.
Имено, Дарко во студиото се појави во розово сако и видно расположен, па призна дека е заљубен, како и дека има среќа кога е во прашање љубовта.
– Фала му на Бога, имам среќа во љубовта. Барбара е прекрасна девојка, ние сме во ист бизнис, ние сме заљубени – рече тој.
– Сакам кога сакам некого. Тоа е тоа, никогаш повеќе нема да има друга- рече Лазиќ во емисијата „Амиџи шоу“.
Во еден сегмент од шоуто, водителот го праша Дарко која жена ја сака најмногу во животот.
– Па, еве онаа со која сум сега, Барбара. Тоа е тоа дефинитивно, ги сакав сите со кои бев, и Ана и Марина, не можам да кажам дека не, но во моментов е вака и така ќе остане – открива Лазиќ во емисијата „Амиџи шоу“.
Инаку се чини дека врската на Дарко и Барбара е на едно повисоко ниво, што потврдија и пријателите на пејачот.
Неодамна открија дека наводно Дарко Лазиќ е подготвен да стапне на „лудиот камен“ со Барбара Бобак, а сега наводно одлучил да и купи стан…
Дарко и Барбара Бобак започнаа врска само неколку месец откако тој се раздели од својата вереница Марина Гагиќ.
Имено сега пријателите на Дарко се загрижен поради тоа што пејачот буквално е заљубен до уши во Барбара и на неа е спремен да го потроши целото свое богатство.
-Тотално полуде по Барбара! Повторно ќе потроши 200.000 евра и ќе остане без се!
– Дарко е луд по неа, тој никогаш не се заљубил во жена толку колку што ја сака Барбара. Тој им се доверил на своите пријатели дека сака да и купи имот и веднаш да го препише на нејзино име. Џабе му велат дека е премногу рано за тоа бидејќи неодамна започнаа врска но не сака да слуша, си прави по свое – открива добро информиран извор.
– Сака да купи стан, за да живеат заедно во него, а неговата желба е таа официјално да биде сопственичка, бидејќи на тој начин би и покажал колку му значи.
„Повторно ќе потроши 200.000 евра и ќе остане без се што има“, му рекоа неговите блиски пријатели кога слушнаа што сака да направи, но Лазиќ не го интересираат коментари од тој тип – додава изворот.
– Каква и да има намера Барбара, тоа го постигнува, така што секогаш е со него. Неговата цел е да го купи станот до крајот на годината, а сигурен е дека Барбара е „вистинската“. Тој се уште не сака јавно да зборува за тоа, барем додека не го финализира сето она што го замисли – заклучува изворот.