Кафе муабет

Тешко на жените што се со нив: Ова се најлошите мажи според хороскопот!

Ако треба да се верува на хороскопот, овие три знаци на хороскоп се најлошите мажи и нивните партнери честопати се многу незадоволни...

Од себичност до неверство, мажите родени во ове хороскопски знаци имаат многу лоши квалитети што честопати ги прават нивните избранички незадоволни.

фото илустрација

Според Зодијакот, водените знаци се сметаат за пасивни брачни партнери, огнените за љубоморни и посесивни а воздушните либерали. Земјаните се многу критични и нивната отвореност се наведува како добра карактеристика.

фото илустрација

Ако треба да се верува на хороскопот, овие три знаци на хороскоп се најлошите мажи и нивните партнери честопати се многу незадоволни.

фото илустрација

Риба

Рибите се сонувачи и она што е нивниот главен недостаток е тоа што тие никогаш не се задоволни со она што го имаат. Секогаш мислат дека можат подобро, дека има нешто поубаво што ги чека, често ја доведуваат во прашање сегашноста, барајќи ги нејзините маани, сонувајќи за некоја имагинарна иднина или алтернативна сегашност каде што конечно ќе бидат среќни … Затоа често пати е тешко да се разберат и задоволат мажите во знакот на Риби, тие често се препуштаат на своите соништа, па затоа не им се непознати измамите. Она што најмногу го бараат од жената е да се разликува од нив, да им понуди нешто ново и различно од она што го знаат, нов поглед на светот и животот … Ако ги исполнувате соништата за неговата имагинација, вашиот брак има надеж.

фото илустрација

Бик

Биковите се одлични кога станува збор за работа и кариера и можат да ја стават работата пред бракот и децата. Тие се одговорни и можат да останат во канцеларија доцна во ноќта поради работа, наместо да поминат пријатна вечер со својата сопруга. Во исто време, тие се вистински хедонисти, познати се по галантноста, на тој начин го освојуваат својот партнер. Можат да ја опсипат со скапи подароци и најубави комплименти, но нема да и го дадат она што е највредно – време за неговата сопруга, односно најважната жена во неговиот живот.

фото илустрација
фото илустрација

Девица

Иако вешто го кријат тоа, припадниците на овој знак се многу љубоморни и несигурни. Девиците почнуваат да ги покажуваат своите слабости со текот на времето, односно во моментите кога мислат дека добро се „обезбедиле“. Сакаат да контролираат и манипулираат, поради што не претставуваат идеални брачни партнери.

фото илустрација

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close