Кафе муабет
Холивудскиот актер 20 години не разговара со својата ќерка: „Не мора да го сакаш своето семејство!“
Деталите за филмот „Татко“, во кој игра со својата колешка Оливија Колман, почнаа да протекуваат во јавноста.
Ентони Хопкинс и Оливија Колман глумат во новиот филм „Татко“, а неговата улога многумина ги потсети на неговата приватна приказна.
Актерот Ентони Хопкинс со следниот филм би можел да ја обезбеди титулата за најголема актерска легенда во Велика Британија, а деталите за филмот „Татко“, во кој игра со својата колешка Оливија Колман, почнаа да протекуваат во јавноста.
82-годишниот Хопкинс игра улога на човек кој се бори со деменција, а критичарите предвидуваат дека славниот актер би можел да освои уште еден Оскар за најдобра машка улога во неговата кариера. Хопкинс ја доби својата прва златна статуа за улогата на Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата молчат“.
Често раскажуваше како многупати ја користи сопствената семејна приказна за подобро да одигра улога, а во новиот филм глуми човек кој е во голема расправија со своето дете. За жал, и тука Хопкинс може да се идентификува со улогата.
Хопкинс не разговара со својата ќерка Абигејл (52) повеќе од 20 години, и тоа е многу чувствителна тема за која не разговараше ниту со своите најблиски пријатели.
“Сите околу него знаат дека таа тема никогаш не се споменува. Со години го прогонуваа демони, но сега е добро и никој не сака да ги отвори старите рани”, рекол еднаш негов близок пријател.
Ентони Хопкинс во последно време често зборува за тоа колку добро се чувствува и ужива да биде со својата трета сопруга Стела, и никогаш не ги спомнува деталите за односот со неговата ќерка. Некои од неговите пријатели велат дека расправијата ескалирала толку многу што не се слушнале едни со други во ниту една прилика во последните 20 години.
Актерот не знае каде живее неговата ќерка, ниту дали има деца.
“Не знам што да ви кажам. Луѓето се разделуваат, семејствата се расправаат и животот продолжува”, рече тој во радио интервју пред две години.
„Не мора да го сакаш своето семејство“, заклучи тој.