Кафе муабет

Ќерката на Исидора Бјелица скршена од болка – објави досега невидени фотографии од својата мајка!

Писателката го напушти овој свет во станот на нејзините родители во Белград...

Животот на Исидора Бјелица, една од најпознатите писателки во регионот и жена која ќе остане запаметена како лавица која достоинствено се бореше со тешката болест, згасна во август минатата година.

фото архива

Писателката го напушти овој свет во станот на нејзините родители во Белград.

Родена е на 10 декември 1967 година во Сараево.

фото архива

Покрај нејзините генијални книги беше позната и по шеширите кои со тек на време станаа нејзин заштитен знак.

фото архива

Исидора зад себе ги остави мажот Небојша Пајкиќ и две деца – Лав Григориј и Вила Евангелина на кои м беше голема животна поддршка.

Исто како и нивната мајка, Вила и Лав се големи борци па и покрај неописливата болка, тие се обидоа да продолжат со својот живот, и своите успеси да ги посветат токму на неа.

фото архива
фото архива

Меѓутоа, денес тие се неутешни, скршени од болка, бидејќи помина една година од cмpттa на Исидора.

Вила Евангелина заедно со нејзиниот брат Лав и таткото Небојша, беа голема поддршка за писателката за време на борбата против тешката болест. Сепак, и покрај нејзините напори, Исидора ја загуби битката за живот и ги напушти своите најблиски пред точно една година.

фото архива

Нејзините деца продолжија да живеат, редејќи успеси со кои нивната мајка ќе биде крајно горда.

Меѓутоа, денес, нивната болка е голема а Вила на својата мајка и испрати емотивна порака со фотографии, кои ги претставуваат најубавите моменти од животот на Исидора.

фото архива

„Најмногу од се,, засекогаш“, напиша Вила, опишувајќи ја љубовта кон својата мајка.
Инаку, Вила студира Моден дизајн, таа е успешна студентка и дава се од себе за да ја оправда довербата што нејзината мајка неизмерно и ја дала.

Фото Инстаграм/ Вила Пајкиќ
Фото Инстаграм/ Вила Пајкиќ
Фото Инстаграм/ Вила Пајкиќ
Фото Инстаграм/ Вила Пајкиќ
Фото Инстаграм/ Вила Пајкиќ
Фото Инстаграм/ Вила Пајкиќ

– Јас сум уметнички тип, како дете најмногу ме интересираше да цртам. Моите родители рано го забележаа тоа, тие беа свесни дека нема да се најдам на повеќето училишни предмети. Тие чекаа да пораснам и да студирам за конечно да почнам да правам работи што ми дозволуваат да се изразам онака како што сакам. Мајка ми, исто така, го најде факултетот каде што моментално студирам – изјави таа во една прилика за Hello!” и додаде:

– Таа секогаш ме поддржуваше. Таа ме советуваше да бидам своја и слободна. Таа сакаше да го правам она што ме прави среќна, а фактот што избрав да се занимавам со дизајн беше особено пријатен за неа. Беше среќна што ми ја пренесе својата љубов кон уметноста и модата – рече таа.

фото архива

Исидора последните два месеци од животот ги помина кај родителите Невенка и Димитрија во Нов Белград. Во тој стан се пресели по прогонот и бегството од Сараево.

Фото Инстаграм/ Вила Пајкиќ

Секојдневно седеше на клупата пред зградата во која живееше, а комшиите ја поздравувале, но не ја прашувале за здравствената состојба, објави тогаш Курир.рс.

Непосредно пред нејзината cм-pт, таа јавно проговори за нејзината состојба и кажа дека е многу критична. Бјелица тогаш посочи дека сака да ум-ре достоинствено.

фото архива

„Знам дека Балканот е примитивна средина, каде се очекува, кога некој има ваква дијагноза, да се повлече и да молчи. Јас морам да се повлечам и да умрам достоинствено, никој да не ме види. Тоа е Балкан“, рече познатата писателка.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close