Кафе муабет
Пропадна планот за голема венчавка: Пејачката Катарна Грујиќ ја откажа свадбата- сонуваше за овој момент но се случи нешто неочекувано!
Kата смета дека организацијата на свадбената забава, музиката, списокот на гости и сè што оди со тоа во овој момент би било доста стресно...
Пејачката Катарина Грујиќ (29) и фудбалерот на Црвена звезда Марко Гобелјиќ (29), го очекуваат своето прво дете а парот како што објавија српските медиуми наводно се откажал од идејата за голема гламурозна венчавка.
– Кога дозна дека ќе стане татко, Марко беше воодушевен. Тој веднаш сакаше да организира голема традиционална венчавка со сите обичаи, сепак, пејачката го убеди да ја одложи за пролет следната година – изјави извор за „Ало!“ и додаде дека причините за нејзината одлука се многубројни.
– Уште кога откри дека ќе стане мајка, сфати дека бременоста е поважна од славењето и забавата. Исто така, како и секоја девојка, таа сонуваше да облече венчаница и да биде згодна невеста па свадба со стомак до забите не беше опција – рекол изворот.
– Kата смета дека организацијата на свадбената забава, музиката, списокот на гости и сè што оди со тоа во овој момент би било доста стресно, па затоа се одлучи да го премести сето тоа за следната година, кога и таа и детето и Марко ќе присуствуваат на прославата .
Дека нејзината одлука е конечна, дополнително влијаеа и нејзините претходно закажани настапи и желбата да и се посветат на својата публика по долга пауза.
– Навистина и недостасува сцената, микрофонот, адреналинот што и ги носи работата. За време на короната, таа сонуваше да и се врати на музиката, а сега, кога публиката ги сака и неа и нејзината енергија на сцената, таа не е подготвена да се откаже од нив заради организација на сопствената венчавка – изјави близок извор.
– Таа е витална и активна бремена жена, нема гадење и се чувствува одлично иако е во петтиот месец од бременоста. Стомачето неодамна почна да се познава бидејќи води здрав живот и пази што јаде, па затоа е сè уште витка.
Врската помеѓу Катарина и Марко функционира одлично, тие се заедно секој ден, не се разделуваат.
Изворот откри и дека овој пар ќе има дури две свадби.
– Планот е да се организира граѓански брак ова лето без присуство на медиуми, така што на пролет ќе се одржи „голема православна венчавка“, заедно со црковна венчавка на која ќе ги поканат сите свои пријатели и членови на семејството . Тие сакаат да се венчаат пред раѓањето на бебето.
Пејачката Катарина Грујиќ инаку ретко зборува за емотивниот живот но сепак неодамна откри дека е во врска со Марко.
„Не сакам за зборувам за емотивниот живот, многу пати се изгорев. Постои една личност, со која сум долго во пријателски однос, а од кој се родија некои емоции. Не сакам за зборувам за тоа. Постои некој и многу ми е убаво“, рече Катарина во емисијата „Премиера Викенд специјал“ и додаде:
„Мене најдобро може да ме смири мојот татко. Јас многу учам од него, и тој беше темпераментен. Скрати го јазикот, направи ова, она… Голем советник ми е. Се меша и околу музиката, јас сакам да слушам. Досега ниту еднаш нема погрешено“.
Пејачката се осврна и на здравствените проблеми кои ги имала, но успешно ги пребродила.
„Страшни беа тие моменти кога бев во болничка постела. Беше во прашање дали ќе го изгубам бубрегот… Не му посакувам никому… Не ме служеше здравјето кога го изгубив гласот на неколку месеци…Не му посакувам никому, ниту на најлошиот непријател. Мене гласот не ми се врати седум месеци. Фала му на Бога на крајот јас победив“, рече Катарина која едвај успеа да ги задржи солзите.