Uncategorized
Марина жестоко „pacпали“ по Дарко- напиша јавна порака и откри што точно се случува!
Таа не може да го поднесе фактот дека Дарко брзо и лесно ја замени со некојa другa..
Драмата меѓу Марина Гагиќ и Дарко Лазиќ секојдневно ги полни весниците и се чини дека крајот е далеку.
Таа не може да го поднесе фактот дека Дарко брзо и лесно ја замени со некојa другa!
Додека Лазиќ зборува за преселба и за новата девојка, Марина се занимава со одговорностите околу нејзиниот син Алексеј и од време на време објавува нешто на својот Инстаграм профил, што многумина го поврзуваат со пејачот.
Така беше и овој пат, а многумина препознаа дека фотографијата која ја објави се однесува токму на Лазиќ.
Иако се шпекулираше дека Гагиќ инсистирала на помирување, што таа негираше, се чини дека поранешната свршеница на пејачот не може да се помири со фактот дека Дарко толку лесно ја замени.
– Мила, среќата е крај оној што ќе ти направи кафе, а не со оној што ќе ти вети патувањето низ светот – напиша Марина, а многумина погодуваат за кого се однесува оваа објава.
Марина сакаше да се смири со Дарко, но доби “ладен туш”?
Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ дефинитивно ставија крај на својата љубов и секој од нив сврте нова страница и започна ново животно поглавје. Сепак, синот Алексеј ќе остане врската што ќе ги поврзе засекогаш.
Токму по тој повод Дарко и Марина Гагиќ се сретнаа на роденденот на нивниот син.
Според извор за тамошните медиуми, Марина наводно била подготвена да му прости се на пејачот со кој има син но сепак следувал ладен туш.
– Сè беше одлично организирано во игротека. Се гледа дека дадоа се од себе. Не знам кој беше задолжен, што всушност и не е толку важно, но изгледаше навистина убаво. Двајцата комуницираа нормално цело време, ако не знаевме што се случува, ќе помислиме дека се хармоничен брачен пар. Од нејзиното однесување можев да видам дека е подготвена да се смири со него. Претходно ни рече дека и пречат неговите чести излегувања, трошење. Така, таа го уценуваше неколку пати дека ако тоа не се промени, ќе го напушти. Очигледно, сфатила дека не може да смени некого кој има 30 и нешто години, па решила да попушти. Но, мислам дека му рече на својот сосед дека има нова девојка. Дека е уморен од стрес, нервоза, уцени. Тој сака да живее нормално, за да не мора да се правда постојано каде е и што прави. Кога станува збор за детето, тој е тука за него и Марина знае дека може да му се јави кога ќе посака, но тој вели дека повеќе не може да биде во заедницата со неа. Мислам дека очекуваше и бараше премногу од него – започнува изворот за „Свет“.
– Па, знаеше со кого создава семејство. Ако тој не се смени во првиот брак и по првото дете, зошто мислеше дека сега ќе с епромени. Да речеме дека беше женкар, неверен и не знам што друго. Можеше да бде во врска со него никој не и бранеше, но тој не е тип за брак па сега, како што велат, возот помина. Тој е во среќна врска и не знам што ќе стори за неа, бидејќи таа се надеваше дека ќе се смири со него до роденденот на Алексеј – вели неговиот пријател за горенаведениот медиум.
Новата девојка на Дарко: Не сум копија на Марина!
За Информер.рс Барбара за прв пат реши да проговори за врската со Дарко но и за споредбата со неговата поранешна…
23 годишната пејачка Барбара Бобак е во центарот на вниманието изминатите денови откако беше објавено дека таа е во љубовна врска со Дарко Лазиќ кој неодамна ја раскина свршувачката со Марина Гагиќ со која го има синот Алексеј.
За Информер.рс Барбара за прв пат реши да проговори за врската со Дарко но и за споредбата со неговата поранешна.
„Сè уште не сум ја запознала мајката на Дарко, но се запознав со неговиот брат. Слушнав како Бранка вели дека сум поубава од Марина – без влакна на јазикот.
Со оваа изјава таа очигледно сакаше да ја замолкне поранешната на Лазиќ затоа што јавно изјави дека Дарко избра девојка која личи на неа.
– Прочитав дека Марина изјави дека јас сум нејзината копија. Не ми е гајле, тоа се детски болести за мене. Ако сака нешто од мене, ако има проблем, лесно може да го добие мојот број и да ми се јави. Јас навистина не сакам да се расправам со некој преку медиуми. Не е убаво, ниту е женствено. Се вели дека таа ми се заканува, но морам искрено да кажам дека не ми се обратила мене лично, затоа што не се познаваме меѓусебно. Не ме интересира девојчето, а секоја расправја со неа преку медиумите ми е за мали деца.
Лазиќ и Барбара ги спои работата пред повеќе од два месеци и оттогаш тие се неразделни. Тие се заедно секој ден, патуваат и настапуваат.
– Се знаеме од 1 мај. Бевме заедно на една прослава, јас пеев со него и не се разделивме од таа вечер. Почнавме и да соработуваме, па сега пеам со него на настапи. Пред неколку дена бевме заедно во Швајцарија. Направивме една приватна прослава. Убаво си поминавме и најдовме време да уживаме и ние. Ние не живееме заедно, но поминуваме многу време заедно.
Барбара не сакаше да открие повеќе детали за нивната врска бидејќи сака да избегне скандали со неговата поранешна свршеница.
– Не би сакала детално да зборувам за тоа што се случува меѓу нас, бидејќи не можам да се борам со ветерници. На крајот на краиштата, тоа е наша приватна работа.