UncategorizedКафе муабет

Се омажи за Турчин и се нарекува жена на султанот – еве во што и се претвори животот по само една година!

Таа често пати на шега се нарекува „сопруга на турскиот султан“...

Оваа блогерка родена во Русија има навистина неверојатна љубовна приказна.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Нивната љубов започнала кога тој дојде на одмор во Русија, а откако се запознаа тие станаа неразделни па така Светлана се пресели од Санкт Петербург во Истанбул пред нешто повеќе од една година.

Таа често пати на шега се нарекува „сопруга на турскиот султан“.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Иако многумина ја предупредуваа и сакаа да ја предомислат во нејзината намера да се пресели во Турција и да стапи во брак со Турчин, сепак љубовта е посилна од се.

Светлана сега реши јавно да открие „во што се претвори нејзиниот живот“ откако се омажи за Турчин.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

– Сите ме плашеа со приказни за последиците од бракот со човек од Турција. После една година брак, сега слушам уште полоши работи, како на пример: Немој да имате деца, затоа што ако сакате да се разведете, никогаш повеќе нема да ги видите.

Сега имаме две деца. Дали се смени нашиот однос? Е. Сега навистина сфатив дека сум мажена. Пред бракот, работев 12 години, пет од нив без слободни денови и одмор.Сега не работам, мојот сопруг обезбедува сè што му е потребно на нашето семејство. Секој ден ја чувствувам неговата поддршка и заштита – објаснува Светлана.

фото инстаграм

фото инстаграм
фото инстаграм

Блогерката вели дека нејзините деца честопати ги нарекуваат со погрдни имиња, но дека има причина за тоа.

– Наказа, Шабац, Магарчево дете и други слични зборови беа упатени многу пати на моите деца на улица, и јас реагирам на нив со насмевка. Зошто? Ова не е прв пат, ниту пак е последен. Мојата постара ќерка беше наречена грда и вештерка. Работата е во тоа што луѓето овде не сакаат да проколнат дете и затоа не им кажуваат убави и слатки зборови!

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

– Мојот сопруг секогаш се нервира кога ќе види дека не носам долги фустани по дома. Тој вели дека има многу други куќи околу нас и дека некој може да ме види. Тој исто така не сака кога готвам свинско месо за децата – вели дека е нездраво и мириса лошо. Да бидам искрена, овчо месо мириса многу полошо!

Искрено, не сакам локален појадок. Бев загрижена за ова затоа што, како ќе станам блогер од Турција, ако  не ми се допаѓа нивниот појадок? Секогаш се прашував зошто некој појадува колбаси, маслинки и џем наутро … Едноставно, не е храна што се јаде за појадок!

фото инстаграм
фото инстаграм

Од друга страна, првото нешто што ми го привлече вниманието беше дека сите турски десерти беа прелиени со шербет. Главните јадења се подготвуваат со многу домати и многу масло. Секое кафуле продава донер, јадење со месо кое, благодарение на својата необична техника за печење, нема маснотии.

– Кога одите да посетите пријател, треба да ги соблечете чевлите пред да влезете во ходникот. Турците никогаш не носат чевли низ дома и американскиот обичај ги шокира најмногу. Обувките мора да се соблечат пред џамијата, која се смета за дом на сите верници.

фото инстаграм

Во Турција, доброто образование е резервирано за многу паметни или многу богати. Детето може да оди во државна градинка само откако ќе наполни четири години, и тоа само четири часа на ден, од 8 до 12 часот. Ако сакате вашето дете да остане подолго, на пример до 17 часот, ќе мора да платите.

Во приватните училишта треба да платите за сè – храна, училишни и спортски униформи, а вашето дете мора да има iPod од прво одделение, за да може да заврши некои од задачите преку Интернет. Треба да издвоите околу 3.000 евра годишно за училиште.

фото инстаграм

Светлана вели дека жените во оваа земја претежно се породуваат во приватни болници и тоа е ретко на природен начин.

-Цените варираат од 150 до 3000 евра, а некои трошоци ги покрива осигурувањето. Царскиот рез е вообичаен од повеќе причини – лекарите го претпочитаат, и без оглед на тоа што жената вели дека се плаши од природно породување, таа добива согласност за царски рез. Ако сè е во ред, ја напуштате болницата следниот ден.

фото инстаграм
фото инстаграм

Наспроти верувањето, во Турција, паровите не ги кријат своите односи од родителите, патуваат заедно, живеат заедно. Но, во малите градови сè уште се почитува строгата традиција, има дури и случаи на бракови помеѓу далечни роднини, под раководство на родителите.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close