Кафе муабет
Докторот ми соопшти дека боледувам од најтешката болест – болна исповед на Мира Шкориќ
„Бев во шок кога дознав"
Фолкерка вели дека за време на пандемијата на коронавирус, таа ретко излегувала од куќата затоа што секоја настинка или вирус би можела да биде фатална за нејзиниот имунолошки систем..
Пејачката Мира Шкориќ (50) во неколку наврати јавно зборуваше за битката со ра-кот на тироидната жлезда, со кој се бореше повеќе од 15 години.
Фолкерка вели дека за време на пандемијата на коронавирус, таа ретко излегувала од куќата затоа што секоја настинка или вирус би можела да биде фатална за нејзиниот имунолошки систем, и се обидувала на секој начин да се заштити.
– Среќна сум што се спасив во овој период на короната, затоа што не ми беше сеедно кога размислував како сè ќе заврши. Се плашев дека ќе заболам од корона, бидејќи таа ќе биде погубна за мене. Бев во шок со денови кога видов колку колеги уми=раат. Јас се соочив со ра-к одамна, јас бев пациент со р-ак многу години и не се осмелував да си дозволам да бидам изложена на ризици. Јас се борев со ра-кот 15 години, претходно никогаш не се грижев за моето здравје, некако бев невнимателна и сосема случајно дознав дека сум болна – изјави Мира за „Српски телеграф“.
Пејачката раскажа како открила дека има р-ак.
– Се чувствував уморно, па отидов на преглед, а подоцна ме чекаше дијагноза за која не можев ни да замислам дека ќе ми се случи. Кога докторот ми рече дека имам р-ак, на почетокот одбив да верувам во тоа – признала Мира, а потоа откри каква е нејзината состојба сега.
– Иако сега сум добро, секогаш одам на прегледи и превентивно земам терапија. Јас не сум личност што ќе плаче за судбината. Треба да бидеш силен – заврши пејачката.
Инаку Мира Шкориќ ја има ќерката Милица Јеремиќ, која ја доби во бракот со хирургот Васа Јеремиќ, која пак не се експонира во јавност.
Имено, Милица е студент на четврта година од Медицинскиот факултет, а средното училиште го заврши како првенец на генерација.
„Милица не ги сака медиумите и јавниот живот, но ме поддржува во се. Кога беше малечка, можев да ја убедам да дојде на некое сликање со мене или во некоја ТВ емисија, но сега навистина не можам да влијаам на нејзините одлуки, ги носи секако самата. Со помош на семејството успеав да ја ускладам работата со мајчинството“, раскажа Мила Шкориќ во една прилика.
„Таа се одлучи за некој свој пат и некој свој животен правец, а тоа се сериозни студии, медицина“, раскажа тогаш пејачката.
Многумина коментираат дека Милица е вистинска убавица и секоја нејзина фотографија на социјалните мрежи е преполна со пофални коментари на сметка на нејзиниот изглед и животниот повик со кој ќе се занимава во иднина.