Кафе муабет
Луна Џогани во пет наутро сама со ќерката Миа – еве како ја опишува ситуацијата!
Поранешната учесничка и победничка во реалното шоу Задруга, ужива во секој момент со својата наследничка...
На 15 јуни Луна Џогани се оствари во улогата на мајка па сега на соцјалните мрежи е многу активна и со своите следбеници споделува како таа се снаоѓа во оваа улога.
Поранешната учесничка и победничка во реалното шоу Задруга, ужива во секој момент со својата наследничка.
Во раните утрински часови, Луна сподели фотографија на која се гледа како го заспива бебето, со коментар: „Животот на мајката“.
Следуваа бројни коментари од обожавателите, кои и даваа комплименти, но и неколку совети за полесно заспивање.
Да потсетиме, минатиот викенд Луна и нејзиниот сопруг Марко Миjковиќ ја донесоа наследничката во својот дом а како што тогаш истакнаа, повеќето од обврските околу бебето сакаат да ги извршат сами, иако имаат помош и од другите членови на семејството.
Инаку Луна и Марко пред извесно време објавја дека донеле одлука да го снимаат семејството за нивниот канал на „Јутјуб“, кој има 104.000 претплатници….
– Одлучија да снимаат сè! Ќе има емотивни моменти, но и смешни, бидејќи тие само што станаа родители и сигурно ќе им треба малку време да се навикнат. Во некои кадри ќе се најдат и дедо Гаги, баба Анабела, тетка Нина и други членови на големото семејство Џогани, но и Милјковиќ – вели изворот и додава дека мотивот на новопечените родители не е само пари:
– Луна и Марко од каналот Јутјуб, каде обожавателите го следат нивниот приватен живот, заработуваат околу 70.000 евра годишно. Тие уште пред два месеци се договорија да ја снимат својата ќерка и веруваат дека тоа ќе биде вистински хит и дополнително ќе го зголемат нивниот рејтинг. Фановите на тој начин ќе можат да видат како Луна се снаоѓа како мајка, но и дали Марко е вешт во менување на пелени – вели извор близок на парот.
Миjковиќ снимал цел ден кога Луна излегла од родилиштето, а во некои моменти може да се види и наследничката без цензура.
Двојката, која стапи во брак неколку дена пред породувањето на Луна, верува дека нивното ново реално шоу ќе стане хит.
– Одлучија да снимаат сè! Ќе има емотивни моменти, но и смешни, бидејќи тие само што станаа родители и сигурно ќе им треба малку време да се навикнат. Во некои кадри ќе се најдат и дедо Гаги, баба Анабела, тетка Нина и други членови на големото семејство Џогани, но и Милјковиќ – вели изворот и додава дека мотивот на новопечените родители не е само пари:
– Покрај тоа што ќе заработи пари, семејството на овој начин ќе сними скапоцени моменти со Миа и ќе има вредни спомени.
– Ќе ја снимиме Миа за YouTube. Ние сме јавни личности и нема зошто да го криеме тоа. Некогаш некој ќе ја слика или ќе ја сними, па зошто да не го направиметоа?! Скоро сите големи sвезди снимаат видеа со своите деца и објавуваат фотографии со нив. За Марко и за мене е во ред – вели Луна.