Кафе муабет
Луна и Марко ќе снимаат реално шоу со Миа: „Ова е наш живот и наша одлука!“
Тие сакаат да ги документираат сите моменти со Миа
Наводно новопечените родители решиле да го снимаат семејството за нивниот канал на „Јутјуб“, кој има 104.000 претплатници…
На 15 јуни Луна Џогани и Марко Милјковиќ го добија своето прво дете ќеркичката Миа. Според она што го објавија српските медиуми, парот сега реши да прави реално шоу со нивната новородена ќерка Миа.
Наводно новопечените родители решиле да го снимаат семејството за нивниот канал на „Јутјуб“, кој има 104.000 претплатници.
Луна и бебето го напуштија родилиштето „Народни фронт“ во саботата и наскоро заедно ќе застанат пред камерите, пишува „Информер“.
– Луна и Марко од каналот Јутјуб, каде обожавателите го следат нивниот приватен живот, заработуваат околу 70.000 евра годишно. Тие уште пред два месеци се договорија да ја снимат својата ќерка и веруваат дека тоа ќе биде вистински хит и дополнително ќе го зголемат нивниот рејтинг. Фановите на тој начин ќе можат да видат како Луна се снаоѓа како мајка, но и дали Марко е вешт во менување на пелени – вели изворот за споменатиот медиум.
Двојката, која стапи во брак неколку дена пред ородувањето на Луна, верува дека нивното ново реално шоу ќе стане хит.
– Одлучија да снимаат сè! Ќе има емотивни моменти, но и смешни, бидејќи тие само што станаа родители и сигурно ќе им треба малку време да се навикнат. Во некои кадри ќе се најдат и дедо Гаги, баба Анабела, тетка Нина и други членови на големото семејство Џогани, но и Милјковиќ – вели изворот и додава дека мотивот на новопечените родители не е само пари:
– Покрај тоа што ќе заработи пари, семејството на овој начин ќе сними скапоцени моменти со Миа и ќе има вредни спомени.
Луна потврдува дека и нејзината наследничка ќе биде пред камерата.
– Ќе ја снимиме Миа за YouTube. Ние сме јавни личности и нема зошто да го криеме тоа. Некогаш некој ќе ја слика или ќе ја сними, па зошто да не го направиметоа?! Скоро сите големи sвезди снимаат видеа со своите деца и објавуваат фотографии со нив. За Марко и за мене е во ред – вели Луна, а на прашањето што мисли за славните кои сè уште ги држат своите деца подалеку од медиумите, таа одговара:
– Ги почитувам оние што мислат дека ги штитат децата на тој начин, така штоне објавуваат фотографии или ги замаглуваат лицата. Ова е наш живот и наша одлука!
Луна вели дека малата Миа личи на нејзиниот сопруг Маркo.
– Миа личи на тато. Таа сè уште не повлече ништо од мене. Моето семејство ќе ми помогне околу бебето, но јас и Марко ќе се обидеме да бидеме најмногу со нашата Миа – рече Луна.
Луна веќе започна да споделува фотографии од нејзината ќеркичка но и од гордиот татко.
Таа вчера по повод Денот на таткото сподели емотивен момент од Марко и Миа, кој разнежни многу фанови.
– Среќен Ден на таткото – напиша таа и додаде емотикони со срце на фотографијата.