Кафе муабет

Луна Џогани објави прва фотографија од бебето и откри на кого личи малечката Миа

Пораката никого не остави рамнодушен

Пораката што ја напиша ќе ги стопи и најтврдите срца

Луна Џогани се породи на 15 јуни кога ја роди ќеркичката Миа

Таа најпрво преку својот Инстаграм се огласи од породилиштето од каде им се заблагодари на фановите за честитките.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Новопечената мама потоа ја објави и првата фотографија со бебето на која никој не остана рамнодушен.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Имено, таа е на фотографијата со новородената ќеркичка чие лице го покрила со голем емотикон.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

„Дефиницијата на љубовта не беше јасна и потполна до овој момент! 15/06.2021 в 14 и 42 часот се роди најголемата среќа на овој свет… Порано слушав мајки како ја опишуваат љубовта кон своите деца, но ова не може да се опише! Ова едноставно мора да го доживееш за да го сфатиш!“

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Од сликата може да се види дека бебето има темна коса.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

„Мое битие, моја душа, мое срце што чука… Толку те посакував што полудев чекајќи те… Те добивме од голема љубов!“

„И среќна сум што личиш на својот татко, бидејќи кога и да те погледнам гледам мини верзија од личноста што толку ја сакам! Ти си нашата сила, и нашата победа! Те сакам животе малечок… Мир, среќа, спокој, рај“ напиша новопечената мама Луна Џогани во описот на нејзината фотографија.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

„Ова е мојот најсреќен ден во животот“

Иако породувањето тргна по природен пат, Луна и нејзиниот доктор на крај одлучија да се породи со царски рез.

Откако дозна дека неговата сопруга се породила, гордиот татко веднаш сподели емотивна порака.

„Драга моја, ми ја донесе на овој свет малата принцеза, која што ќе ја сакам, обожавам, ќе дадам сé и ќе се борам за неа… Ти благодарам љубов, те сакам“, и порача Марко на Луна преку својот профил на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Потоа се огласи и Луна:

„Пристигна најубавото девојче на светот, ова е мојот најсреќен ден во животот“.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

„Ова не може да се спореди со ништо бидејќи кога си мајка те чека обврска, одговорност, грижа… А ова е се некако лесно. Во се ќе им помагам. Луна е добро, ми се јави, ја видов, многу е среќна. Внуката личи на Марко, иста е како него, ја видов на фотографија. Таа е буцка, голема е, преку четири килограми“, изјави мајката на Луна, пишува „Телеграф.рс“.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close