Кафе муабет
Постарата ќерка на Карлеуша објави фотографија и предизвка бура од коментари- има 12 години и изгледа како принцеза!
Таа е заштитно лице на детски моден бренд, а новата фотографија очигледно е создадена за истиот.
12 годишната ќерка на Јелена Карлеуша Душко Тошиќ, Атина Тошиќ порасна во вистнска убавица.
Имено постарата наследничка на Карлеуша продолжува да привлекува внимание, а со секоја нова објава, оваа девојка предизвикува бура од коментари.
Очигледно, она што Јелена го кажа многу одамна се остварува, а тоа е дека Атина ќе биде голема sвезда, бидејќи таа веќе привлекува големо внимание на социјалните мрежи.
Сепак, таа е заштитно лице на детски моден бренд, а новата фотографија очигледно е создадена за истиот.
– Елегантно – напиша Атина на англиски јазик, во описот на објавата.
Нејзините следбеници ја опсипаа со позитивни коментари, а некои од нив се:
„Изгледаш како ангел“, „Толку мала, само 12 години а таква божица“, „Од родителите си зела се најдобро“, „Прекрасна си“, „Симпатична, убава девојка“ …
Краток коментар даде и Јелена.
„Ангел на мајка“, напиша Карлеуша.
Инаку, во моментов Атина ја следат 128.000 луѓе на Инстаграм, и 105.500 илјади на ТикТок.
Инаку пред извесно време Атина на својот профил на Инстаграм објави и емотвна порака за својата мајка Јелена Карлеуша.
– И не е важно што велат луѓето, туку што чувствувам одвнатре – напиша Атина во описот на фотографијата на нејзината мајка.
Овој пост и самата Јелена го објави на својот Инстаграм профил.
Очигледно, Карлеуша е вистински пример за нејзините ќерки, затоа што овие зборови посветени на нивната мајка буквално ќе ве расплачат…
Ќерките на Јелена Карлеуша се на добар пат за неколку години да ја стигнат нивната мајка на социјалните мрежи.
Атина и Ника имаат 12 и 11 години, а сопругот на Карлеуша Душко Тошиќ има 35 и е седум години помлад од пејачката.