Кафе муабет
Таа е најзгодната баба на сцената: Фолкерката има 52 години и изгледа како “БОМБА”- еве на што се должи нејзината витка линија!
Пејачката вели дека и на 52-годишна возраст е неуморна и се буди на раните зори да трча и да вежба...
Слаѓа Делибашиќ има 52.години, а да не е позната личност никој не би поверувал дека таа е веќе во шестата деценија од животот.
– Не ги кријам годините, ниту ми треба да бидам млада. Важно ми е да имам душа која не старее, па затоа и се чувствивам како да имам 25 години.
Слаѓа Делибашиќ вели дека секој ден тренира да биде најубавата баба на сцената. Пејачката вели дека и на 52-годишна возраст е неуморна и се буди на раните зори да трча и да вежба.
– Во ноември ќе наполнам 53 години и тренирам секој ден! Ако не вежбам, станувам нервозна. Многу луѓе мислат дека лесно ми е да изгледам вака, но верувајте ми, не е така. Сакам да станам рано за да тренирам. Понекогаш ми е тешко, но морам затоа што е за мое добро. Сакам комплименти дека сум убава баба, но навистина се обидувам да останам таква – вели танчерката.
– Трчам еден час, тоа ми стана рутина, како миење заби. Исто така, сакам да пешачам, да поминувам по осум километри на ден, понекогаш одам на базен. Навистина сакам пливање и тоа ме релаксира.
Слаѓа вели дека во текот на денот внимава на калориите но признава дека навечер знае да претера.
– Јадам непосредно пред спиење. Најобилен оброк е вечерата, иако не треба да биде. Јадам многу месо и салата, па одам да спијам. Сепак, ги советувам жените да не го прават тоа, туку да јадат умерено неколку пати во текот на денот, но и да бидат физички активни – вели Слаѓа.
Поранешната сопруга на Џоле Џогани вели дека никогаш не била дебела и дека се здебелила само кога била бремена.
– Тогаш имав 12 килограми вишок но брзо ослабев. Сега имам 62 килограми и тоа е мојата идеална тежина, која ја имав скоро цел живот. Сè е убаво кога сме млади, но треба да размислуваме за иднината. Мислам дека жената треба да се грижи и да биде физички активна после 30-та година од животот, бидејќи метаболизмот ни се забавува вели Слаѓа.
Таа го откри своето мени:
Појадок: Штом станам, пијам две шолји инстант кафе со млеко и јадам интегрален бисквит. Ручек: Секој ден готвам супа. Најмногу сакам пилешко и говедско месо.
Вечера: Ми се допаѓаат сите видови салати, кои ги купувам на пазар. Подготвувам и месо. Никогаш не јадам слатки. Ако ми се јаде нешто слатко, земам овошје.
Пред извесно време пејачката прозборе за разводот со нејзиниот поранешен сопруг Џоле Џогани со кого се разведе пред дваесет години, но и покрај се тие останаа во добри односи.
Пејачката откри дека и било тешко по разводот со Џоле.
– Спиев на подот, и реков ја одам од дома. Навистина беше многу тешко. Почнав соло кариера и сметав дека не ми треба ништо, дека треба да се борам, да се докажувам бидејќи тој мислеше дека нема да успеам. Си реков дека одам понатаму и тоа е тоа, рекла Делибашиќ, а потоа откри каков е нејзиниот емотивен статус.
– Секогаш имам некого, но сега мисалм дека го имам вистинскиот маж.
Слаѓа слобоното време го користи и да ужива со нејзината внука.