Кафе муабет

4 важни причини зошто е добро покрај себе да имате личност родена во знакот Бик

Биковите секогаш ќе ви ја кажат вистината в лице.

Речиси на сите ни се познати предрасудите за Биковите:

Tие најчесто се сметаат за тврдоглави, нефлексибилни. Но, да не им се даде шанса на Биковите само поради тоа што мислите дека се досадни, дефинитивно е голема грешка, а еве четири причини кои ќе ве убедат во тоа.

Со Биковите знаеме каде сме

Да бидеме искрени: Зар не мислите дека луѓето кои непрекинато играат игри или оние кои очекуваат другите да им ги читаат мислите, се премногу исцрпувачки? Токму тоа Биковите не го прават. Секако, понекогаш можеме да се зачудиме поради нивната директна природа, но во основа, многу полесно и поудобно е кога некој е искрен – како што е Бикот.

Биковите си стојат цврсто на своите уверувања

На Бикот не му е важно што мислат другите, се’ додека самиот е среќен и знае во која насока оди. Биковите добро размислуваат за тоа кои личности им се важни во животот и не се држат до некого само затоа што така мора. Таа карактеристика за Биковите да стојат цврсто на својот став и со своите уверувања, е нешто што на многумина би требало да им послужи како пример.

Биковите се многу верни

Ако Бик издаде некоја сакана личност или пријател, тоа би било како да се издава самиот себе, па затоа никогаш не го прави ова.

Она што ќе го каже Бикот,т оа и го мисли, а најчесто ги исполнува и своите ветувања кон колегите, пријателите, роднините…

Бикот „не’ враќа на земја“

Биковите не се губат во фантазиите толку лесно како некои други. Повеќето Бикови во кризни ситуации знаат да ја задржат главата бистра и смирено да се насочат кон решението. Бикот има способност да знае што е важно и што треба да се направи во одреден момент.

Какви е жената Бик?

Таа е мирна, но тоа воопшто не значи дека е наивна. Жените Бикови брзо учат од животните искуства и никогаш не ги повторуваат истите грешки од минатото.

Taa e многу љубезна и кротка, но тоа не значи дека со неа можете да манипулирате.

Отфрлете ги предрасудите:

Немојте да ги тестирате нејзините граници со недолично однесување, бидејќи ќе го разбудите нејзиниот темперамент. Оваа дама не е авантурист, не сака да ризикува бидејќи за неа е важна рамнотежата и сигурноста. Не сака промени без најава, но одлично се снаоѓа ако се случат.

Семејството го смета за света работа ако пробате да нападнете некој од нејзината фамилија во тој случај е подготвена да ве нападне со сета своја сила.

Бикот има сè и интелигенција и надворешна убавина, не толерира бучава освен гласна музика.

За разлика од другите луѓе, кога Бикот ќе каже некому „те сакам“, тој искрено размислува за тоа.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close