Бебе

Откриена најголемата дилема на родителите – еве зошто повеќето бебиња се раѓаат со сини очи!

Промена на бојата на очите кај бебињата е невообичаен феномен...

Научнците откриваат кога се менува бојата на окото кај децата!

Веќе општо е познато дека повеќето бебиња се раѓаат со сни очи, но со текот на времето односно според народните верувања, очите на бебето се менуваат по 40 дена. Доколку останат сини тогаш бебето ќе има сини очи кога ќе порасне.

 

Промена на бојата на очите кај бебињата е невообичаен феномен а неговата причина лежи во генетиката и количината на меланин – пигментот што ја одредува бојата.

Кога се раѓаат бебињата, особено оние со посветол тен, нивните очи обично се светли, бидејќи имаат многу малку меланин (вид пигмент кој им дава боја на очите, кожата и косата).
Според магазинот „Parents”, количината на меланин во ирисот, обоениот дел од окото, одредува каква боја ќе имаат очите. По раѓањето, светлината го стимулира производството на меланин, поради што бојата на очите може да потемни или да се промени со текот на времето.


Обично ќе видите промена на бојата на очите во првите 6-9 месеци од животот. За време на неколку недели или месеци, може да забележите дека очите на вашето бебе потемнуваат. Промената е толку постепена што можеби не ја забележувате сè додека еден ден не се разбудат и ве изненадат со друга боја на очите.


До 12 месеци, повеќето бебиња ќе добијат трајна боја на очите, иако бојата на очите кај некои деца може да се промени до шестгодишна возраст, што е ретка појава.
Генетиката одредува колку меланин (или пигмент) ќе има лицето во своето тело. Во основа, ДНК на родителот одредува дали очите на детето се сини, кафеави, зелени или друга боја.

foto ilustracija

Повеќе гени во телото придонесуваат за бојата на очите – дури и ако двајцата родители на детето имаат кафени очи, можно е бебето да има сини очи ако родителите имаат гени на сини очи некаде во нивната генетска шема.


Речиси е невозможно однапред да се предвиди бојата на очите на вашето бебе. Никој, вклучително и лекарот, не може да предвиди каква боја ќе бидат очите кога детето ќе порасне, и не е важно што јаде или прави вашето бебе и на колкава количина светлина го изложувате.


Ако бебето е родено со кафени очи, тоа значи дека тоа веќе ја има количината на меланин доделена од генетскиот код, така што бојата на окото нема да се промени.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close