Кафе муабет

Познатата актерка која се прослави во улогата на Касандра во болница поради тyмop: Ја откри својата состојба- понекогаш е БОЛНО!

Откри неколку тyмopи во нејзиното тело пред неколку години...

Можеби името Кораима Торес не значи многу за поновата генерација, но постарите генерации беа „луди“ по девојката по име „Касандра“, по која беа именувани дури и бебиња родени кон крајот на деведесеттите години.

фото инстаграм

За време на прикажувањето на серијата, во 1997 година, познатата Касандра стана миленик на цела Македонија и со нетрпение чекавме да видиме што ќе се случи во следната епизода.

фото инстаграм

Венецуелската актерка, која се стекна со светска слава играјќи го ликот на Касандра во истоимената латиноамериканска сапуница, изгледа неверојатно по повеќе од дваесет и четири години од емитувањето на популарната серија!

фото инстаграм

Од неодамна таа повторно е главна тема во медиумите откако откри неколку тyмopи во нејзиното тело пред неколку години – за среќа, бенигни. Сепак, таа од тогаш е на постојани контроли бидејќи нејзиното семејство, како што призна, има историја на paк.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

– Јас ги започнав прегледите минатата недела. Сакам да ве известам дека мојата мамографија и ултразвук на дојка поминаа добро. Поради овие тyмopи, мора да се прегледувам на секои шест месеци – откри на својот Инстаграм профил актерката Кораима Торес, позната по улогата на Касандра во истоимената ТВ-серија.

фото инстаграм
фото инстаграм

49-годишната латиноамериканска актерка изјави дека е малку исплашена и дека овие прегледи извршени со допир понекогаш се болни, но дека е важно да се извршат затоа што можат да спасат животи.

За потсетување, од емитувањето на серијата „Касандра“ во 1997 година, оваа венецуелска актерка, во сите републики на поранешна СФРЈ, стана најомилен странец.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Таа беше толку популарна што весниците пишуваа за неа секој ден, а уличните тезги беа полни со маици, чаши, слики, разгледници и разни други производи со нејзиниот лик. Дури и мебел, душек за спиење и тоалетна хартија беа именувани по Касандра.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close