Кафе муабет
Во брак се 15 години, тој е постар од неа 27 години, a сега го добија и своето четврто дете
Еве како живее една од најубавите Русинки!
Таа е претприемачка, инфлуенсерка и милијардер а вчера на свет го донесе синот Саша и среќната вест ја сподели на својот профил на Инстаграм.
Елена Перминова која важи за една од најуспешните жени во Русија вчера го роди своето четврто дете.
Таа е претприемачка, инфлуенсерка и милијардер а вчера на свет го донесе синот Саша и среќната вест ја сподели на својот профил на Инстаграм.
“Добредојде, мој ангел Саша! Нека твоето патување на овој свет биде исполнето со љубов, среќа и просветлување. Почестена сум што заедно ќе минуваме низ авантура цел живот”, напиша 34-годишниот модел.
Денес, Елена има живот како од бајка – има прекрасно семејство, таа е модел, омажена е за милијардерот Александар Лебедев (61), ужива во луксузни патувања, не се грижи за парите што ги троши, носи најскапа облека и вози најдобри автомобили … буквално нема ништо што и недостасува!
Во моментов ги живее своите соништа, но пред нешто помалку од две децении минуваше низ вистински кошмар!
Убавата Русинка е родена во далечниот, студен Сибир, а своето детство го поминала во страшна сиромаштија, толку многу била сиромашна што за неа беа скоро непознати чоколадото и гумите за џвакање.
Во обид да се спаси од сиромаштијата, таа го напуштила домот на своите родители кога имала само 16 години и помина време со своето момче, со кое започна да работи илегално. Наскоро, кревката русокоса беше фатена на дело додека разделуваше дро-га во ноќен клуб, а тогаш започнаа проблемите.
Таа заврши во затвор, а пресудата беше шест години затвор. Таа го предала главниот дилер, поради што добила брутални смртни закани, а во тоа време, сè уште немало на сила заштита на сведоци во Русија.
Нејзиниот татко потоа отиде кај Лебедев, кој работеше на донесување закон за заштита на сведоци како член на парламентот, барајќи од него помош.
И навистина – тој успеа да ја спаси оваа млада жена од овој пекол. Овој поранешен член на КГБ и милијардер е постар од Елена 27 години, но ниту тоа не ја спречи нивната љубов. Сепак, романсата не дојде веднаш по нејзиното ослободување од затвор, требаше да помине некое време …
Пермин ја започна својата манекенска кариера со фотографирање за „Плејбој“, а оваа ризична одлука сепак и ги отвори вратите во светот на високата мода. Во исто време, завршила економски науки во Москва и наскоро започнала врска со споменатиот бизнисмен, еден од петте најбогати во Русија.
Двојката е во брак 15 години, а љубовта беше крунисана со четири деца. Тие ретко излегуваат надвор, а повеќе сакаат да минуваат време дома, на риболов или на семејни патувања.
Интересно е да се погледне модното влијание на Елена – таа е икона на стилот, не само во нејзината родна Русија, туку и во целиот свет, и тешко дека која било важна модна ревија може да помине без неа на прво место.
Основала и сопствено производство на здрава храна, и е одличен хуманитарец и често организира добротворни акции за помош на децата.