Дом и семејство
Неколку причини зошто големите семејства се посреќни
Децата носат хаос, збунетост, лудило, но и многу љубов и среќни моменти.
Повеќе деца може да внесат поголема радост во домот. Па, ако сакате да го проширите семејството, еве ви неколку докази со кои можеби ќе го уверите вашиот партер (и себеси) дека поголемото семејство е подобро!
Наследување облека
Еден куп облека која вашите малечки ја облекле можеби само еднаш (или ниту еднаш)… ви звучи познато? Па, сега таа облека може да има нов сопственик! И уште еден после тоа. И после тоа. на крајот на животниот век на облеката, можете да бидете сигурни дека сте го извлекле максимумот.
Повеќе раце, повеќе помош
Поголемите семејства знаат да бидат подобро организирани, а поголемите деца честопати им помагаат на помалите.
„Одете да си играте со своите браќа/сестри“
Во големите семејства, никогаш нема досада! Заедничкото играње секогаш е добра опција, а иако можеби децата нема да се согласуваат, секогаш може да се избере „резерва“ од браќата/сестрите.
Групните активности стануваат полесни
Децата сакаат да си играат криенка или фудбал? Многу е лесно да се организирате и да имате заедничка забава!
Повеќе нежност и гушкање
Размислете за сите родителски моменти во кои можете да уживате одново и одново… Првиот пат кога бебето ќе ве погледнете? Првата бања? Првата насмевка? Првото смеење? Првото гушкање и слушнување на зборот „мама“? Овие моменти се вредни за дополнителниот стрес, дополнителните трошоци и дополнителните валкани садови секој ден!
На крај, повеќе деца значи повеќе внуци
И така се продолжува циклусот со многу гушкања, галење, бакнежи.