Кафе муабет

Познатата водителка минува низ пекол: Нејзината ќерка е во болница поради проблеми со срцето- “Ми пропаднаа плановите да бидам со тебе”

Бо е родена со дефект во левата комора на срцето, што влијае на работата на целото срце...

Британската водителка Улрика Џонсон која е мајка на четири деца, минува низ тежок период откако и беше соопштено дека здравствената состојба на нејзината ќерка Бо (21) се влошила поради проблеми со срцето.

фото инстаграм

Поради наметнатите ограничувања воведени поради пандемијата од коронаврус, водителката беше принудена да биде дома, а не со нејзината ќерка во болница за време на третманот.


Бо е родена со дефект во левата комора на срцето, што влијае на работата на целото срце.
Додека чекаше нејзината ќерка да се врати од болницата, водителката сподели неколку објави на Инстаграм.

– Моите планови за мирен сон пропаднаа, чекам ќерка ми да се врати од болница, ви благодарам на сите за убавите пораки – напиша водителката на Инстаграм, а потоа сподели фотографија од нејзината ќерка со коментар:

– Ми недостигаш глупаво – по што објави дека таа сè уште е во болница и дека не се знае нејзината здравствена состојба.

Таа се уште е во болница, ништо не е решено. Ви благодарам за пораките – рече загрижената мајка.

Улрика покрај Бо има уште три деца.

Инаку водителката ја објави и својата прва книга „The Importance Of Being Myrtle“, за која истакна дека инспирација ја пронашла во своето либидо. Истакна дека наскоро ќе започне со подготовка на нејзиното продолжение кое ќе содржи повеќе сек-с сцени.

фото инстаграм

„Кога го пишував романот, расправавме само дали во него се вклучени сцени со секс. На крајот одлучив дека нема да го правам тоа. Постојат две основни причини зошто не го направив тоа. Како прво, сметав дека на жена од 56 години сексуалниот живот не ѝ е баш важен. Но, сега кога сум близу до тие години, открив дека сексот ми е поважен од претходно. Моја грешка. Второ и секако поважно, да се пишува за сексот е комплицирано. Тоа може да биде непријатно, застрашувачки, погрешно поставено или пак во друг случај може да биде покомплицирано“, заклучила водителката, пренесува „Daily Mail“.

фото инстаграм

Неодамна водителката истакна дека по 11 години брак со претприемачот Брајан Моне, воопшто немала секс, а тоа не е прв пат да зборува за својот приватен живот.

фото инстаграм

Улрика истакна и дека бара партнер кој сексуално ќе ја задоволи.


На аплкацијата Тиндер каде и всушност бара партнер, таа посочила дека бара маж од 26 до 50 години.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close