Кафе муабет
Лоши вести за оние кои живеат во Германија- Владата ја дигна рачната, следуваат нови рестриктивни мерки!
Ограничувањето на движењето е во сила од 22 часот до 5 часот следното утро. Во тоа време на граѓаните не им е дозволено да ги напуштаат своите станови или куќи...
Германија тешко се справува со третиот бран на вирусот корона. Се поголем е бројот на негативни коментари за канцеларката Ангела Меркел и одлуките кои се донесуваат со цел да се намали бројот на заболени од Ковид-19.
Но се чини дека негативните коментари и критиките воопшто не допираат до властите, па и покрај жестоките критики, Германија донесе нови ограничувања во борбата против короната.
Бундестагот донесе нов закон според кој мерките се донесуваат централно, а не по провинции. Законот е исто така наречен „рачна сопирачка“ и се заснова на седумдневни бројки на инциденца.
„Безбедносната сопирачка“ стапува на сила утре. Дојче веле дава краток преглед на мерките што ќе се однесуваат на целата земја.
Ако 7-дневната инциденца (број на нови случаи на коронавирусна инфекција на 100.000 жители) е поголема од 100 за три последователни дена, автоматски се применува „безбедносната сопирачка“ (Notbremse). Построгите ограничувања остануваат на сила се додека 7-дневната инциденца не е помала од 100 за пет последователни дена. Сите нови правила важат најмногу до 30 јуни 2021 година.
Членовите на едно домаќинство можат да се дружат со најмногу едно лице од друго домаќинство, тука не се вбројуваат деца помали од 14 години. Ограничувањето не се однесува на состаноци на сопружниците или лица кои живеат заедно, не важи ниту во случај на грижа за лица на кои им е потребна помош. Максималниот број на лица кои може да присуствуваат на погреби е 30.
Ограничувањето на движењето е во сила од 22 часот до 5 часот следното утро. Во тоа време на граѓаните не им е дозволено да ги напуштаат своите станови или куќи.
Исклучокот се однесува ако, на пример, некој мора итно да оди на лекар или има други случаи во кои мора да се спречи опасноста по животот на луѓето или животните. Движењето на чист воздух е дозволено до полноќ, но на луѓето им е дозволено да се движат сами, а посетата на спортски терени или сали е забранета.
Исклучок се однесува на луѓе кои треба да ја завршат својата работа, на пример, новинари. Како и за луѓето кои се грижат за други луѓе, односно за членовите на нивното семејство.
Сите локации на кои граѓаните го поминуваат слободното време (базени, сауни, велнес центри, бордели, фитнес центри, спортски сали, итн.) Мора да бидат затворени.
Во продавница може да се влезе само со негативен тест за корона, и тоа со претходно најавување дека ќе дојдат во посета на продавницата (т.н.Click & Meet model ). Ако инциденцата се искачи на повеќе од 150, на клиентите им е дозволено само да земат претходно нарачаната роба во продавниците (Click & Collect).
Ограничувањата не се однесуваат на продавници што продаваат храна и пијалоци, аптеки, продавници за бебиња, оптичари, бензински пумпи, киосци, градинарски центри или продавници што продаваат предмети за домашни миленици. Бројот на клиенти зависи од големината на продавницата.
Во затворен простор, клиентите мора да користат заштитни маски (FFP-2 или медицински).
Театрите, концертните сали, ноќните клубови и кината (освен оние на отворено) се затворени и сите настани се забранети.
Посетителите сè уште можат да ги посетат оние делови од зоолошките градини што се на отворено – но само по презентирање на негативен тест за корона.
Пред околу еден месец, германскиот министер за здравство, Јенс Спан објави дека луѓето кои биле целосно вакци-нирани, наскоро може да си ја вратат личната слобода и да се вратат во нормален живот.
Германците кои биле вакцинирани би можеле да ги избегнат мерки за „тешко заклучување“ две недели по примањето на втората доза на вакцината, додаде тој.
Додека Германија се обидува да ја засили својата програма за вaкцинација среде третиот бран на коронавирусот, државните и сојузничките лидери очајно се обидуваат да најдат начин барем делумно да го вратат животот во нормала.
Спан посочи дека луѓето кои ги примиле двете дози на вакцина наскоро може да патуваат, да посетуваат продавници и да одат на фризер и козметички салони без ограничувачки мерки, како што е примерот за покажување на негативен брз тест.
„Секој што е целосно вакциниран во иднина може да се третира како некој што има негативен тест“, рече министерот за “Bild am Sonntag”.
Тој додаде дека ваквиот потег се очекува само кога ќе заврши третиот бран на вируcот корона и откако ќе се преиспита дополнителното ублажување на мерките за карантин – вклучувајќи и отворање на услужни дејности со покажување на брзи тестови.