Кафе муабет

Кои хороскопски знаци се најдобрите љубовници, по кои жените ја „губат главата“?

Вага, Лав, Скорпија и Бик - хороскопски знаци кои ќе ве полудат.

Астролозите тврдат дека на некој начин хороскопскиот знак одредува какви се нашите способности во креветот. Мажите родени во овие четири хороскопски знаци важат за најдобри љубовници, а нивната креативност и страственост е еднаква на сцените кои ги гледаме во еротските филмови.

Ако вашиот партнер припаѓа на некој од овие хороскопски знаци, може да се каже дека сте вистинска среќничка.

Вага

Мажите родени во знакот Вага се снаодливи во сите области, а особено во сексот. Од нежно водење љубов, до исполнување на најлудите фантазии на својата партнерка. Важно им е и двајцата да уживаат и почесто се посветуваат на уживањето на нивната партнерка, отколку на своето.

Вагите по природа се креативни, а таа креативност ја негуваат и во спалната соба, па со нив секогаш можете да очекувате нешто ново и возбудливо. Многу се трпеливи и никогаш нема да ја брзаат партнерката, затоа што знаат дека најдобрите работи во животот се случуваат спонтано.

Една од нивните најдобри особини е спремноста да живеат во моментот, па во текот на сексот за нив не постои ништо друго што може да им го наруши блискиот однос со партнерката.

Лав

Лавовите својата партнерка ја третираат како кралица и се концентрираат на нејзиното уживање. Важно им е да ја воодушеват жената во креветот и таа нестрпливо да ја очекува нивната следна средба. Сакаат да бидат најдобри во се’ што прават, а сексот се наоѓа високо на нивните приоритети. Ретко ќе наидете на маж роден во знакот Лав кој е лош во креветот.

Лавовите се доминантни, страствени и посветени на се’ што прават во животот.

Скорпија

Скорпиите се најстраствениот хороскопски знак ов зодијакот, како во животот, така и во креветот. Тие не сакаат средина, па на партнерките им се посветуваат во целост. Имаат силно либидо и никогаш не пропуштаат прилика за секс. По природа се верни, а знаат да ја направат среќна нивната патнерка, како во креветот, така и надвор од него.

Бик

Биковите се нежни љубовници, а по сексот никогаш не прекинуваат со галење. Не сакаат врски за една ноќ, туку тежнеат кон партнерство и стабилност во љубовните врски. Во сексот со партнерката делат се’: срце, тело и душа, а наместо да се фокусираат на своето задоволство, секогаш ги слушаат желбите на партнерката и настојуваат да ги исполнат најдобро што можат.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close